Gligorova, Monika (2021) Морфолошки, биолошки и продуктивни карактеристики на наут. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
Лекторирано - маг.труд Моника Глигорова.pdf Download (2MB) |
Abstract
Производството на наут (Cicer arietinum L.), може да биде императив за
земјоделските производители кои спроведуваат производство без можности за
интервентно наводнување. За овој труд во текот на две последователни години
(2018 и 2019), преку полски опити и лабораториски анализи испитувани се 7
турски сорти и 1 македонска популација наут и направена е споредба на
производните карактеристики на истите. Исто така образложена е корелацијата
меѓу временските услови и постигнатите резултaти. Врз база на агрохемиските
анализи на почвата пред и по завршувањето на вегетацијата на наутот во текот
на двете години на истражувањата, заклучивме дека наутот како легуминозна
култура преку фиксацијата на азот во почвата има значително влијание врз
зголемувањето на количината на азот и хумус во почвата. Преку овие процеси
одгледувањето на наут влијае врз зголемувањето на плодноста на почвата по
природен пат и поради тоа е особено погодна култура во плодоредот, особено
во системите на органското растително производство. На почетокот се
наведени стопанското значење и употребната вредност на наутот, како и
позначајните статистички показатели за распространетоста и површините со
наут во светот според податоците на FAOSTAT.
Во одделни поглавја се опишани ботаничките карактеристики,
класификацијата, сортите, агротехничките мерки, со посебен осврт на
препораки за начини на сеидба, ѓубрење и спроведување на значајните мерки
за нега на посев со наут во текот на вегетацијата. Мал е бројот на објавени
трудови во Македонија и регионот за оваа култура, затоа цениме дека овој труд
е од посебно значење за земјоделските производители кои би сакале да го
вклучат производството на наут во плодоред во полјоделското производство во
аридни услови.
Клучни зборови: морфологија, принос, азотофиксација, болести,
штетници, агротехника, бактерии
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Agricultural Sciences > Other agricultural sciences |
Divisions: | Faculty of Agriculture |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 25 Nov 2021 10:11 |
Last Modified: | 25 Nov 2021 10:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28825 |
Actions (login required)
View Item |