Лавиринт од книжевна фикција и животна стварност

Mladenoski, Ranko and Pereski, Boban (2021) Лавиринт од книжевна фикција и животна стварност. Palimpsest, VI (11). pp. 291-297. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Mladenoski i Pereski trud Pal br 11 celo DOI.pdf] Text
Mladenoski i Pereski trud Pal br 11 celo DOI.pdf

Download (5MB)

Abstract

„Секогаш со мене“ од книжевната дебитантка Николина Костовска е предмет на книжевно-теориска и книжевно-критичка анализа и интерпретација во овој краток осврт. Станува збор за современ македонски роман што е објавен оваа година (2021) и во чија структура авторката нѐ води низ еден лавиринт од три меѓусебно поврзани приказни што се предочени во трите наративни целини од романот: „Пролог“, „Прв дел“ и „Втор дел“. Ваквиот наративен лавиринт во романот е реализиран со постмодернистичка игра во која се релативизираат границите меѓу фикцијата и факцијата и тоа преку три раскажувачки целини во неговата содржина: фикција во фикција, фикција како книжевна стварност и фикција како животна стварност. Во овој осврт детално ќе се анализираат наведените специфики на романот со што ќе се покаже дека „Секогаш со мене“ од Костовска е успешно и значајно романескно остварување во современата македонската литература.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Oct 2021 07:29
Last Modified: 12 Oct 2021 07:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28548

Actions (login required)

View Item View Item