Подобрување на безбедноста на IoT-комуникацијата со анализа на мрежни скриени канали

Velinov, Aleksandar (2021) Подобрување на безбедноста на IoT-комуникацијата со анализа на мрежни скриени канали. Doctoral thesis, University "Goce Delchev" - Shtip.

[thumbnail of Doktorska disertacija AV-lek2.pdf] Text
Doktorska disertacija AV-lek2.pdf

Download (3MB)

Abstract

Мрежното криење на информации е дисциплина која се занимава со пренесување на скриени податоци преку комуникациските мрежи и нивна детекција. Методите за криење преку легитимните податочни текови креираат скриени канали коишто овозможуваат тајно пренесување на податоци. Тие може да бидат применети за воена комуникација во непријателски средини, заобиколување на цензурирање, заштита на поткажувачи и новинари и сл. Од друга страна, скриените канали може да бидат злоупотребени за комуникација на терористи и криминалци, за индустриска шпионажа, за координирање DDoS- напади, за ширење злонамерен софтвер и сл.
Со цел за подобрување на безбедноста на комуникацијата кај интернет на нештата (IoT), во оваа докторска дисертација е прикажана анализа на скриени канали за протоколите на апликациско ниво кај IoT: CoAP, MQTT-верзија 3.1.1 и MQTT-верзија 5.0. За сите протоколи е направена соодветна категоризација на предложените канали со користење на шемите за мрежни скриени канали.
За протоколот CoAP откриени се вкупно 8 скриени канали од кои 6 се складирачки, а 2 временски. Дополнително, направена е експериментална евалуација на скриениот канал кој ги користи методите PUT и DELETE.
За протоколот MQTT-верзија 3.1.1 предложени се вкупно 13 скриени канали од кои 7 се директни додека 6 се индиректни. Направена е експериментална евалуација за скриениот канал кој користи подредување на теми и ажурирање со присуство или отсуство.
За протоколот MQTT-верзија 5.0 предложени се вкупно 23 скриени канали од кои 18 се директни, додека 5 се индиректни. Направена е експериментална евалуација на скриениот канал кој користи различни теми.
За евалуација на скриените канали кај MQTT-верзија 3.1.1 и верзија 5.0, користени беа три параметри: пропусен опсег, неоткривање и робусност.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Uncontrolled Keywords: интернет на нештата, скриени канали, шеми за скриени канали, CoAP, MQTT, MQTT-верзија 3.1.1, MQTT-верзија 5.0, објави-претплати
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Aleksandar Velinov
Date Deposited: 04 Oct 2021 10:37
Last Modified: 04 Oct 2021 10:37
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28524

Actions (login required)

View Item View Item