Todorova, Marija (2021) Онлајн настава по шпански јазик во услови на пандемија. Knowledge – International Journal, 46 (6). pp. 281-286. ISSN 2545-4439
Text
KIJ, Vol. 46.6.pdf Download (3MB) |
Abstract
Кон крајот на февруари и почетокот на март 2020 година ни се случи нешто коешто никој не можеше да го претпостави. Ни се случи пандемија, светска криза, хаос во сите сфери од општественото живеење. Ни се случи вирусот Ковид-19 кој со секавична брзина се прошири низ целиот свет, го смени начинот на живот, го смени човештвото воопшто. Република Северна Македонија како и голем број земји во
светот презеде мерки за заштита на здравјето и животите на луѓето. Една од првите позначајни мерки преземени со цел да се спречи или да го забави масовното ширење на вирусот беше да се затворат училиштата и универзитетите и да се прекине наставата со физичко присуство. Образовните институции мораа да ги прилагодат наставните програми и наставата, за да може да се вклопат во моделот на онлајн
образование и да се започне со настава на далечина. Во воведот на овој труд се прави анализа за тоа како се
одвиваше наставата на далечина во Република Северна Македонија во услови на пандемија. Во продолжение на трудот се истакнуваат предизвиците со кои се соочуваа образовните институции како и предностите и негативностите на онлајн наставата. Потоа се опишува организацијата и начинот на реализација на овој тип на настава на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, конкретно наставата по предметот шпански јазик како странски јазик на Филолошкиот факултет при УГД. Целта на трудот е да се
споредат постигнатите резултати на студентите за време на онлајн наставата и за време на наставата со физичко присуство и да се утврди дали и како влијае е-учењето врз успехот на студентите.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Todorova |
Date Deposited: | 07 Sep 2021 12:43 |
Last Modified: | 07 Sep 2021 12:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28427 |
Actions (login required)
View Item |