Одредување на волумен на базен за изедначување на протокот и состав на отпадна вода

Zendelska, Afrodita and Golomeova, Mirjana and Golomeov, Blagoj (2021) Одредување на волумен на базен за изедначување на протокот и состав на отпадна вода. Natural Resources and Technology, 15 (1). pp. 83-91. ISSN 1857-6966

[thumbnail of 3776] Text
3776

Download (2kB)

Abstract

Функцијата на постројката за третман на отпадни води е да го подобри квалитетот на отпадните води со отстранување на суспендирани органски и неоргански цврсти материи и други материјали пред да ги испушти во водотеците. Кај постројките за третман на отпадни води, стапката со која отпадните води пристигнуваат во процесот за третман може да варира во текот на денот, така што е погодно да се изедначи протокот пред да се внеси отпадната вода во некои од процесите за нејзин третман. Обезбедувањето постојан проток и оптоварување со БПК е важно за одржување на оптимален третман. Базените за изедначување се уреди дизајнирани за да обезбедат константен проток и состав на отпадната вода и со примена на овие уреди се постигнува постојан или скоро постојан проток. Поради дополнителното време на задржување на водата во базените, потребна е дополнителна аерација и мешање за да се спречи отпадна вода да стане септичка и да се одржат цврстите материи во суспензија.

Item Type: Article
Subjects: Engineering and Technology > Environmental engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Afrodita Zendelska
Date Deposited: 03 Sep 2021 09:55
Last Modified: 03 Sep 2021 09:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28402

Actions (login required)

View Item View Item