Методи на имплементација на стратегиите за читање

Hadzi-Nikolova, Adrijana and Daskalovska, Nina (2021) Методи на имплементација на стратегиите за читање. Knowledge -International Journal, 46 (2). pp. 277-281. ISSN 2545-4439

[thumbnail of МЕТОДИ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА ЧИТАЊЕ.pdf] Text
МЕТОДИ НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТРАТЕГИИТЕ ЗА ЧИТАЊЕ.pdf

Download (2MB)

Abstract

За полесно справување со задачите за читање, учениците може да користат разновидни стратегии кои ќе им помогнат да ја разберат суштината на пораката што ја носи текстот, да се фокусираат на некои специфични делови од текстот или да дадат општ преглед на тоа што го прочитале. Стратегиите за читање се многу важен дел од наставата. Тие ни откриваат како читателите влегуваат во интеракција со пишаниот текст и што прават за да го подобрат разбирањето на текстот. Па оттука, начинот на кој тие стратегии ќе се пренесат на учениците, како ќе се создаде навика за нивна успешна долгорочна примена е задача на наставниците. Постојат различни видови на инкорпорирање на стратегиите за читање во наставата. Во овој труд ќе разгледаме четири методи на имплементација на стратегиите за читање. Она што е заедничко за нив е дека сите ставаат акцент на претходното знаење на учениците за да се поттикне мотивацијата и да се создаде врска со новиот текст, па на тој начин да се постигне негово разбирање. За таа цел, учениците не треба да бидат пасивни набљудувачи на наставата, туку активни учесници во процесот на учење. Само така ќе се постигнат саканите резултати.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Adrijana Hadzi-Nikolova
Date Deposited: 12 Jul 2021 05:59
Last Modified: 12 Jul 2021 05:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28295

Actions (login required)

View Item View Item