Дигитална трговија: предизвици и можности за земјите во развој

Miteva-Kacarski, Emilija and Cabuleva, Kostadinka (2021) Дигитална трговија: предизвици и можности за земјите во развој. Knowledge – International Journal, 45.1. pp. 271-275. ISSN 2545-4439

[thumbnail of Дигитална трговија-предизвици и можности за земјите во развој (1).pdf] Text
Дигитална трговија-предизвици и можности за земјите во развој (1).pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Мерките за социјално дистанцирање што ги усвоија владите ширум светот со цел ублажување на ефектите од глобалната пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, доведоа до зголемено купување преку интернет. Дигиталната трговија и информатичките технологии како карактеристика на современото општество, им овозможуваат на земјите ширум светот пристап до пазари кои претходно се сметаа за недостижни. Светската економија значително се промени од основањето на Светската трговска организација (СТО), меѓу другото и заради дигитализацијата. Дигиталните иновации ја трансформираат глобалната економија. Намалувањето на трошоците за пребарување како и за обезбедување на нови информации, брзиот раст на нови производи и пазари, како и појавата на нови играчи токму како резултат на дигиталните технологии, резултира со зголемување на глобалните трговски текови, вклучувајќи го и извозот од земјите во развој. Од друга страна пак, дигиталните технологии ја загрозуваат приватноста и безбедноста ширум светот, додека земјите во развој кои немаат алатки за да се натпреваруваат во новата дигитална средина, се во опасност поради неможноста да ги следат трендовите.
Клучни зборови: мерки за социјално дистанцирање, дигитализација на трговијата, дигитална технологија, земји во развој.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 09 Jun 2021 07:04
Last Modified: 09 Jun 2021 07:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28149

Actions (login required)

View Item View Item