Модификација на исказите во говорот на македонските изучувачи на англискиот јазик

Kusevska, Marija (2021) Модификација на исказите во говорот на македонските изучувачи на англискиот јазик. In: Прагматички истражувања. Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, Штип, pp. 93-113. ISBN 978-608-244-803-9

[thumbnail of Прагматички истражувања.pdf] Text
Прагматички истражувања.pdf

Download (432kB)
[thumbnail of 6 Марија Кусевска 93-113.pdf] Text
6 Марија Кусевска 93-113.pdf

Download (468kB)

Abstract

Во овој труд се истражува како македонските изучувачи на англиски јазик на повисоките нивоа вршат модификација на исказите. Фокусот е на ублажувањето кое, пак, е поврзано со учтивост, индиректност, неизвесност, намалена посветеност, почитување и заштита на лицето. Посебно се истражува како македонските изучувачи на англиски јазик ги ублажуваат своите искази во дискусиите. Истражувањето е направена врз основа на поткорпусот на англиски меѓујазик во МАКОР, а рамката за анализа ги опфаќа средства за оградување во врска со пропозицијата, средства за изразување несигурност во врска со возможноста на пропозицијата и средства за градење на интерперсоналните односи. Анализата покажа дека македонските изучувачи на англискиот јазик ги ублажуваат своите искази на сличен начин како и родените говорители, но списокот со јазичните средства што ги користат е поограничен.

Item Type: Book Section
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 03 Jun 2021 07:13
Last Modified: 03 Jun 2021 07:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28140

Actions (login required)

View Item View Item