Третман на мускулно - скелетна болка

Kantardzioski, Orde (2021) Третман на мускулно - скелетна болка. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД - ОРДЕ КАНТАРЏИОСКИ.pdf] Text
СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ ТРУД - ОРДЕ КАНТАРЏИОСКИ.pdf

Download (1MB)

Abstract

Стресот, неправилното држење на телото или прекумерната физичка активност
се најчестите причини за појава на мускулно - скелетн болка. Бидејќи целото
тело е покриено со мускулно ткиво, нема човек кој не почувствувал болка и
непријатност во некој дел од мускулите. Оваа состојба може да е изолирана, во
само една регија или мускулна група, и генерализирана, кога болката се јавува
во мускулатурата по целото тело.
При третманот на мускулно-скелетните болки, освен конзервативен третман со
физикална терапија и кинезитерапија се применуваат и различни мануални
методи и кинезитераписки техники, како што се: Мекоткивна мобилизација,
Мускулно-енергетски техники (постизометрична релаксација), Нервно-мускулни
техники, Миофасцијални техники, детекција и обработка на тригерни точки, Dry
needling и др.
Во последно време научните истражувања покажуваат голема ефикасност на
Традиционалната Кинеска медицина при третманот на мускулно-скелетна болка
Методи на ТКМ кои што се применуваат при третманот на мускулно – скелетна
болка се: акупунктура, акупресура, капинг терапија, гуаша терапија и
моксибустија.
Клучни зборови: мускулно-скелетни болки, миофасцијални техники, тригерни
точки, акупунктура, физикална терапија, кинезитерапија;

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 May 2021 08:04
Last Modified: 17 May 2021 08:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28093

Actions (login required)

View Item View Item