Внатрешна и надворешна контрола на квалитетот на резултатите во клиничко-биохемиска лабораторија

Milkovska, Lidija (2021) Внатрешна и надворешна контрола на квалитетот на резултатите во клиничко-биохемиска лабораторија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of !Lidija Milkovska_Specijalisticki trud_07.04.2021_FINAL.pdf] Text
!Lidija Milkovska_Specijalisticki trud_07.04.2021_FINAL.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вовед. Клиничко-биохемиските лаборатории изработуваат специфични
видови лабораториски анализи, кои во голема мерка зависат од адекватната
примена на добро дефинираните стандарди за квалитет. Во рамките на овој
специјалистички труд е обработен системот за статистичка контрола на
квалитетот на резултатите, преку анализа на спроведената внатрешна и
надворешна контрола на резултатите во една од најголемите клиничко�биохемиски лаборатории во Северна Македонија.
Цел. Целта на специјалистичкиот труд е да се изврши анализа на
контролата на аналитичкиот квалитет во една клиничко-биохемиска
лабораторија, и тоа: анализа на внатрешната и надворешната контрола на
квалитет на резултатите во клиничко-биохемиската лабораторија.
Материјали и методи. Специјалистичкиот труд е изработен во клиничко�биохемиската лабораторија во Градската Општа Болница „8-ми Септември“ во
Скопје, а вклучени се редовните внатрешни контроли на глукоза, вкупен
холестерол, HDL-холестерол, LDL-холестерол, триглицериди, AST и ALT и
редовните надворешни контроли на глукоза, вкупен холестерол, триглицериди,
AST и ALT, по претходно извршена периодична калибрација. Анализите се
направени на биохемискиот анализатор SIEMENS Dimension® RxL. За
реализирање на внатрешната контрола на квалитетот користен е контролен
материјал во лиофилизирана форма, контролите се растворани со вода, и
внимателно се следени процедурите за ракување и стабилност на контролниот
материјал. При надворешната контрола користен е контролен материјал во
лиофилизирана форма, претходно е доставено барање до производителот за
пријавување на лабораторијата во системот за контрола на квалитет, 12
контролни примероци за една година се анализирани поединечно (една
контрола месечно со евалуација на резултатите), а на крајот од годишниот
циклус се добива сумарна евалуација

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 May 2021 16:39
Last Modified: 14 May 2021 16:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28090

Actions (login required)

View Item View Item