Примена на информатичка технологија во работењето на туристичките агенции

Todorovic, Emilija (2021) Примена на информатичка технологија во работењето на туристичките агенции. In: Шеста меѓународна научна конференција Современите менаџерски предизвици и организациските науки со предметен фокус дигитализацијата и сајбер-безбедноста како менаџерски предизвици, 30 Dec 2020, Bitola.

[thumbnail of 6konfZbornik_compressed.pdf] Text
6konfZbornik_compressed.pdf

Download (1MB)

Abstract

Туризмот претставува динамичен систем кој во услови на глобализација подложен е на промени кои покрај другото се предизвикани и од развојот на информатичката технологија која овозможува поголема информираност на потрошувачите, олеснување на комуникацијата помеѓу субјектите на пазарот, побрз пласман на производите и услугите и сл. Примената на информатичка технологија во работењето во голема мера влијае врз промена во деловното одлучување на туристичките претпријатијата, особено во поглед на собирање, чување, дистрибуција, процесирање и управување со информациите, а интернетот се повеќе станува главен комуникациски канал кој истовремено ги намалува трошоците во работењето и го олеснува севкупното работење. Туристичките претпријатија се вклучуваат во централните системи за резервација и глобалните дистрибутивни системи. Преку овие системи во секое време може да вршат продажба на своите производи и услуги на глобалниот туристички пазар и да имаат пристап до сите потреби информации. Во овој труд вниманието е насочено кон примената на информатичка технологија во туристичките агенции како субјекти на туристичкиот пазар. За потребите на трудот направени се примарни и секундарни истражувања. Примарните податоци се добиени со метод на испитување преку анкета како инструмент за собирање податоци. Анкетирањето на менаџерите на туристичките агенции се врши електронски. Секундарните податоци се добиени со метод на анализа на содржината на постојната домашна и странска литература. Целта на трудот е потенцирање на важноста на примена на информатичка технологија во работењето на туристичките агенции со цел следење на светските трендови и постигнување рентабилност во работењето.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 12 May 2021 07:07
Last Modified: 12 May 2021 07:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28075

Actions (login required)

View Item View Item