Образование и практика: учење преку работа-нов концепт за практична обука во техничкото образование

Todorovic, Emilija (2020) Образование и практика: учење преку работа-нов концепт за практична обука во техничкото образование. In: 5-та Меѓународна научна конференција „ФИЛКО“ – Филологија, Кутура и образование, 8-9 Oct 2020, Stip.

[thumbnail of zbornik 1.pdf] Text
zbornik 1.pdf

Download (3MB)

Abstract

Процесот на глобализација со себе носи динамичен развој и промени во сите сфери на општеството и стопанството во целост. Овој процес иницира предизвици во образовниот процес, во насока на прилагодување на наставните програми и развивање знаења, вештини и компетенции соодветни на барањата и потребите на компаниите. Тоа се постигнува со зголемување на обемот на часови за практична обука и пронаоѓање нови начини да приближување на теоријата и праксата. Во таа насока, училиштата од една страна се стремат кон едуцирање млади луѓе со вештини и компетенции кои и се потребни на индустријата, а работодавачите пак, добиваат кадар кој е мотивиран да се вклучи во реалниот бизнис. Учењето преку работа како нов концепт на практична обука кој е воведен во наставните планови и програми во техничкото образование, подразбира вклучување на учениците во работните процеси во реална бизнис средина. Тоа е комплексен процес кој овозможува позитивни придобивки на сите инволвирани страни и има за цел учениците да стекнат соодветно искуство во одредено подрачје и да развијат потребни вештини со кои се зголемува нивната подготвеност за вработување. Учењето преку работа во Република Северна Македонија е застапено во формалното средно стручно образование, а целта на трудот е да се дефинираат клучните елементи на учењето преку работа, да се истакнат придобивките, улогата и обврските на сите релевантни чинители во учењето преку работа и да се образложи институционалната поставеност и основните процеси за учење преку работа.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 12 May 2021 07:05
Last Modified: 12 May 2021 07:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28073

Actions (login required)

View Item View Item