Zisovska, Elizabeta and Stosevska, Tatjana and Madzovska, Lidija and Gjorgjievska, Bisera and Mihailova, Aleksandra (2019) Емоционално поврзување на мајка прворотка со своето новороденче. In: 7-ми Конгрес на педијатри со меѓународно учество, 25-28 June 2019, Strumica.
Text
25_Елизабета-Зисовска-ЕМОЦИОНАЛНО-ПОВРЗУВАЊЕ-НА-МАЈКА-ПРВОРОТКА-СО-СВОЕТО-НОВОРОДЕНЧЕ.pdf - Accepted Version Download (97kB) |
|
Text
Апстракти.html - Accepted Version Download (81kB) |
Abstract
Должината на престојот во болница после породувањето зависи од здравствената состојба на
мајката и нејзиното новороденче. Со оглед на раниот испис дома во тек на првите 48 часа
после раѓањето, земајќи ја предвид само здравствената состојба,се запоставува степенот на
поврзаност меѓу мајката и детето, процес кој е многу важен за психолошката состојба кај
мајката и понатамошниот развој кај детето.
Целта на ова испитување, кое е дел на посеопфатна студија, беше да се интервјуираат мајките
за степенот на нивното емоционално поврзување со своето новороденче.
За таа цел, беа интервјуирани мајки прворотки, на возраст од 18 до 35 години, кои родиле
здраво доносено дете, со гестациска старост од 37-40 гестациски недели, без компликации
пред, во тек и после раѓањето. Претходно беше добиена писмена согласност од мајката за
интервјуто, а личните податоци беа анонимизирани. Во тек на интервјуто беше користен
„Прашалник за постпартално поврзување“ (PBQ) кој има 25 прашања поделени во 4 сфери, кои
ги одразуваат чувствата на мајката кон своето дете. Со подетална анализа на секоја од овие
сфери во праксата каде овој прашалник е во протоколарна форма се откриени многу скриени
нарушувања во однесувањето, па и раните знаци на постпартална депресија. Одговорите беа
вреднувани според Likert-ова скала од 6 поени. Овој прашалник е валидиран и поседува висока
сензитивност за суптилните нарушувања во емотивната состојба кај жените во постпарталниот
период.
Резултати:обработени беа одговорите на 100 мајки кои ги исполнија критериумите за
вклучување. Во однос на првата сфера, нарушувања во поврзувањето (12 прашања), 12 мајки
беа детектирани со проблем; во втората сфера (одбивање и лутина) која имаше 7 прашања, 5
мајки имаа необјаснето одбивање кон сите настани поврзани со породувањето; третата сфера
(4 прашања за детекција на загриженост во врска со грижата за детето) детектираше 25 мајки
со ваква психолошка состојба која ги спречува да се поврзат со своето новороденче, и
четвртата сфера (ризик од отфрлање, кој содржи 2 ставки) укажа на можен ризик кај 3 мајки.
Треба да се напомене дека кај некои мајки истовремено се детектираа проблеми во повеќе
сфери, и според литературата и другите студии, тие носат висок ризик од појак степен на
постпартална депресија. Најден е висок степен на корелација на одговорите меѓу овој
прашалник и Единбуршката скала за постпартална депресија.
Заклучок: должината на престојот во родилиштата треба да биде базирана на повеќе
елементи: здравствената состојба на мајката и нејзиното новороденче, степенот на
поврзаност, нејзината спремност за грижа во домашни услови, односно, да биде усогласена со
единствените карактеристики кои ги носи секој пар мајка-новороденче, затоа што тоа има
огромно влијание врз понатамошниот развој на детето и успешноста на мајчинството.
Емоционалното поврзување е една од мерките за превенција од физички, емоционални и
социјални нарушувања во тек на животниот циклус. Темелната постпартална проценка на овие
елементи е една од клучните мерки за превенција од несакани случувања во домашни услови,
и ваквиот модел е докажан како многу ефикасен во периодот на транзиција од хоспитални во
домашни услови, што е од голема корист за целиот здравствен систем.
Клучни зборови: постпартален период; новородено дете; емоционално поврзување
Item Type: | Conference or Workshop Item (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Elizabeta Zisovska |
Date Deposited: | 04 May 2021 08:49 |
Last Modified: | 04 May 2021 08:49 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/28029 |
Actions (login required)
View Item |