Jakovlev, Zlatko (2019) Основи на туризам. University „Goce Delchev“ - Stip, R. Macedonia, Stip R. Macedonia.
Text (University Book of Basic of tourism)
Osnovi na turizam za repozitorium Zlatko.pdf Download (1MB) |
Abstract
Туризмот е дамнешна појава и неговите почетоци како аналогна појава, датираат уште пред 20.000 години, кога праисторискиот човек почнал интензивно да ги обиколува континентите, да навлегува на некои острови и архипелази, и движејќи се да бара соодветни засолништа и извори на храна. Развојот на феноменот туризам се одвива во шест историски фази. Со градењето на патиштата, развивањето на инфраструктурата, патничкиот, железничкиот, водениот и воздушниот сообраќај, брзиот развој на туризмот е потпомогнат и со модернизирањето на поштенскиот и телекомуникацискиот сообраќај. Во оваа фаза голема улога имало и отворањето на првите патнички агенции. Во првата половина на 19 век се појавил поимот турист кој произлегол од францускиот збор tour што значи патување во круг или само патување. Прв го вовел Французинот Виктор Жакмон во 1830 година. Современиот туризам во последните 50тина година доживува брз и динамичeн развој. Следејќи ги вредностите на реализираниот туристички промет, односно ефектите од туристичкото стопанство во одредени европски и светски земји, се потврдува заклучокот дека станува збор за еден современ феномен на денешницата која навлегува речиси во сите сфери на живеењето. Со туристичките збиднувања се занимавале многу научни дисциплини кои навлегувале во сферата на туризмот: туристичката географија, туристичката економија, туристичката психологија, туристичката социологија, туристичкото право и слично.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Zlatko Jakovlev |
Date Deposited: | 12 Mar 2021 08:41 |
Last Modified: | 12 Mar 2021 08:41 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27923 |
Actions (login required)
View Item |