Третман на пателарна тендинопатија

Simic, Bozidar (2021) Третман на пателарна тендинопатија. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of BOZIDAR SIMIK - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf]
Preview
Text
BOZIDAR SIMIK - SPECIJALISTICKI TRUD.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Пателарен тендинитис, познат и како скокачко колено, е воспаление на тетивата
која што го прицврстува мускулот за коската. Има инциденца од околу 20% кај
спортовите со скокање, вклучувајќи одбојка, кошарка, ракомет и атлетика.
Често е придружен со тендосиновитис, кој што претставува воспаление на
обвивката на тетивата. Тетивите се бело ткиво и имаат многу мал проток на крв
во областа, поради што заздравувањето може да потрае подолго време. Затоа
е важно да се започне со третман што е можно порано откако ќе се појават
симптомите. Спротивно на тетивите, мускулите се полни со крв и со кислород,
па затоа мускулите и меките ткива оздравуваат многу побрзо.
Симптоми: фокална болка во инфра-пателарниот регион, особено при движење;
оток над пателата, а во некои случаи трнење и вкочанетост, кои што можат да го
ограничат движењето на засегнатиот зглоб.
Причина за воспалението е често повторувана траума или прекумерно
оптоварување на тетивата. Хроничната прекумерна употреба на тетивите
доведува до микроскопски солзи во матрицата на колагенот, што постепено го
ослабува ткивото. Овие причини можат да доведат до „локална конгестија на
крвта и и енергијата Чи (Qi) во енергетските меридијани.
Во повеќето случаи, со конзервативен третман се постигнуваат добри резултати.
Рехабилитацијата се спроведува со физикална терапија. Важна препорака за
пациентите е секогаш да применуваат истегнување (стречинг) пред и после
физичка или спортска активност. Особено важно кај пателарен тендинитис е
истегнувањето на феморалниот квадрицепс и мускулите флексори од задниот
дел на бутот. Во потешки, хронични и повторливи случаи, може да примени
хируршки третман.
Истражувањата покажуваат дека акупунктурата ја намалува болката при
пателарен тендинитис. Поставувањето на иглата во засегнатата област внесува
поголем проток на крв и кислород околу тетивата.

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 Feb 2021 10:11
Last Modified: 17 Feb 2021 10:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27836

Actions (login required)

View Item View Item