Majhosev, Andon and Galeva, Jordanka and Korovesoska, Iskra (2020) Научноистражувачки проект на тема: Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија. [Project]
Preview |
Text
Проект Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија.pdf Download (371kB) | Preview |
Abstract
Слободата на изразување е фундаментално право на човекот гарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, Советот на Европа, ЕУ и други меѓународни организации.
Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување во Уставот на државата и Законите.
Слободата на изразување е огледало на демократијата во една држава и зависно од тоа колку се почитува ова право, така е вреднувана и демократијата во тоа општество. Медиумите и новинарите вршејќи си ги секојдневните професионални обврски се соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето на нивното право на слободата на изразување.
Во овој Научно-истражувачки проект ќе ја истражиме перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Така, преку ова истражување ќе дојдеме до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во Источниот регион на Република С. Македонија.
Основно истражувачко прашање на кое треба да одговориме во истражувањето е "Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Источниот плански регион на Република С. Македонија?"
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Media and communications |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jordanka Galeva |
Date Deposited: | 15 Feb 2021 09:11 |
Last Modified: | 15 Feb 2021 09:11 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27773 |
Actions (login required)
View Item |