Ristova, Cvetanka (2021) Дигитализацијата во хотелиерството: Примена на big data во хотелското гостинско искуство. PhD thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Digitalizacija vo hotelierstvoto - Primena na big data vo hotelskoto gostinsko iskustvo.pdf Download (595kB) | Preview |
Abstract
Брзиот развој на дигитализацијата овозможи појава на многубројни социјални медиуми како што се туристичките пребарувачи за резервација, доведувајќи до голем број на коментари од гостите. Огромниот раст на дигитализацијата и содржината генерирана од гостите го инспирираше развојот на таканаречените големи податоци за да ги разберат и решат проблемите во хотелската индустрија. Сега гостите имаат на располагање неспоредлив степен на моќ со кој можат да ги споделат своите искуства и мислења за хотелот, во врска со производот, услугата, атрибутите и другите поврзани активности со хотелскиот престој. Гласот на гостинот генерира милиони коментари на социјалните медиуми за хотелските капацитети, каде, со оваа растечка достапност и популарност на ресурсите на коментарите, се појавуваат нови можности и предизвици за хотелската индустрија. Така, со оглед на достапните информации, хотелската индустрија се наоѓа во состојба каде што е преоптоварена со податоци. А покрај тоа, поголемиот дел од информациите се прикажани на неструктуриран или полуструктуриран начин, при што е тешко да се комбинираат квалитативните со квантитативните податоци и со тоа да се извлече нивната вредност без големите податоци.
Оттука, оваа докторска дисертација ја истражува и демонстрира корисноста од Big Data - големите податоци со нивно користење за проучување на основните варијабли за управување во хотелиерството, кои опширно се изучуваат во изминатите децении. Поточно, насоката на истражување се движи кон гостинското искуство во хотелот кое веќе долго време е предмет на интерес затоа што е широко признато дека придонесува за лојалност на гостите, повторување на доаѓањето, поволен „збор од уста“-маркетинг и на крајот поголема профитабилност.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Other social sciences |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Cvetanka Ristova |
Date Deposited: | 10 Feb 2021 08:50 |
Last Modified: | 10 Feb 2021 08:50 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27724 |
Actions (login required)
View Item |