Gligorievski, Antonio (2015) Радиолошка дијагноза на тумори на желудник. Other. Antonio Gligorievski.
Preview |
Text
Korica spremna 2 - predna.pdf Download (1MB) | Preview |
Preview |
Text
RADIOLOSKA DIJAGNOZA NA TU NA ZELUDNIK 200 x 265 mm Konecna.pdf Download (59kB) | Preview |
Preview |
Text
Korica spremna 2 - zadna.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Книгата се состои од 10 поглавја на вкупно 288 страници. Во книгата изнесено е искуството на авторот кој голем дел од својата рботна кариера посветил на болестите на дигестивната цевка, особено на заболувањата на желудникот. Во почетокот на книгата изнесени се ембриолошките, анатомските, хистолошките и физиолошките карактеристики на желудникот. Даден е опис на најчестите заболувања на желудникот, причините за нивното настанување, клиничката слика и детален опис на радиолошкиоот наод. Ообработени се најчестите бенигни тумори на желудникот, нивните радиолошки карактеристикит и начинот на дијагностицирање, со особен акцент на ГИСТ туморите. Потоа следува поглавјето за карцином на желудникот каде детално се разрабтени епидемиолошките и етиолошки карактериситки, претканцерските сосотојби, раниот карцином на желудникот, напреднатиот карцином на желудникот, морфолошката и хистолошката класификација, настанувањето на метастазите, прогнозата и начинот на лекување на карциномот на желудникот. Понатаму следуваат лимфопролиферативните заболувања и саркомот на желудникот. Следува презентација на радиолошкиот преглед на желудникот, на апаратурата и средствата кои се користат при прегледот и поставување на дијагнозата. Авторот, заболувањата на желудникот ги иследува со повеќе радиолошки методи, како конвенционални, така и имиџинг методи како што се ултразвукот (УЗ), компјутеризиранта томографија (КТ) и магнетната резонанса (МР). Особено се значајни модификациите на УЗ и КТ при прегледот на желудникот кои авторот за прв пат ги воведува во Македонија. Дадени се карактеристиките на болестите на желудникот кои се дијагностицираат со помош на гастроскопија, ендоскопски ултразвук (ЕУЗ) и КТ/ПЕТ дијагностика. Сето тоа е пропратено со богата илустрација од радиолошки, УЗ, КТ и МР слики од богатата колекција на авторот. На крајот е дадена најчестата терминологија и користената литература.
Item Type: | Monograph (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Antonio Gligorievski |
Date Deposited: | 11 Feb 2021 08:08 |
Last Modified: | 11 Feb 2021 08:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27686 |
Actions (login required)
View Item |