Karanikolova-Cocorovska, Lusi (2020) Просветителството во јужнословенските литератури (преглед). ФИЛКО - Зборник на трудови од Петта меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование. ISSN 978-608-244-308-9
Preview |
Text
4125-Article Text-6835-1-10-20210202.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Тргнувајќи од нашата наставна практика, во оваа статија правиме краток, компаративен осврт на периодот на просветителството во јужнословенските литератури: српската, хрватската, словенечката и бугарската.
Се прави приказ и анализа на состојбите, најнапред во српската култура и литература, од крајот на 18-от и почетокот на 19-от век, потоа и со дејноста на Захарије Орфелин и Доситеј Обрадовиќ, како основоположници на српското просветителство, „донесено“ од Западна Европа. Потоа, се осврнуваме кон истиот период во хрватската култура, кога е во ек т.н. Илирско движење или Хрватска народна преродба, сосема уникатно движење, типпично само за Хрватска и неговиот иницијатор Људевит Гај. Следува периодот на словенечкото просветителство, автентично по многу нешта и неговиот најзначаен претставник Марко Похлин и најпосле, периодот на бугарското претпросветителство и просветителство со Паисиј Хилендарски и Софрониј Врачански.
Целта е да се претстават заедничките одлики на просветителството во овие четири, јужнословенски средини, но и нивните автентични специфичности, заедно со придобивките од оваа многу значајна епоха, а пред сѐ употребата на народниот јазик во книжевноста и неговиот придонес за подигањето на просветеноста и националната свест.
Клучни зборови: просветителство, просветеност, литература, култура, народен јазик, дидактизам, национална свест.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Lusi Karanikolova |
Date Deposited: | 06 Feb 2021 10:23 |
Last Modified: | 06 Feb 2021 10:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27608 |
Actions (login required)
View Item |