Kostova, Kristina and Krsteva, Marija and Pop Zarieva, Natalija and Iliev, Krste and Donev, Dragan (2020) Драмата во Среден век како основа за означување на културниот идентитет во Англија. ФИЛКО - Зборник на трудови од Петта меѓународна научна конференција за филологија, култура и образование, 5. pp. 155-161. ISSN 978-608-244-698-1
Preview |
Text
Драмата во Среден век.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во Среден Век во Англија драмските активности не биле секуларни, туку
се должеле на покровителство од религиозни институции. Средновековниот
театар и неговите почетоци се длабоко вкоренети во литургијата. Токму црквите
биле првите бини за литургиските драми и драматизации.
На црквено тло се поставувале различни драмски форми по повод одредени
празници, а со цел да им се приближат библиските приказни на верниците.
Со време, самите верници почнале да се вклучуваат во изведбата на
тие примитивни драмски форми. Литургиската драма станувала сѐ подолга
и посложена. Драмските поставки постепено излегувале од црквата, па се
издвоиле и нови форми во средновековната драма познати како миракули,
мистерии, моралитети и тн.
Во овој труд ќе бидат прикажани различните драмски форми кои биле
чести во Среден Век во Англија. Ќе бидат образложени нивните специфики, а
ќе бидат наброени и разликите кои ги издвојуваат една од друга.
Токму драмата станува означител на културниот идентитет во Англија за
време на ренесансата. Оттаму, иако аматерски изведенa, средновековната драма
во Англија е прилично значајна, затоа што претставува основа за понатамошниот
развој на драмата во Англија.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Natalija Pop Zarieva |
Date Deposited: | 06 Feb 2021 08:39 |
Last Modified: | 06 Feb 2021 08:39 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27602 |
Actions (login required)
View Item |