Mladenoski, Ranko (2020) Хипотекстот во поезијата на Блаже Конески. Зборник на трудови од Петтата меѓународна научна конференција ФИЛКО (филологија, култура, образование), V (5). pp. 223-232. ISSN ISBN 978-608-244-787-2
Preview |
Text
Mladenoski trud Zbornik FILKO 5.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Во трудот се елаборираат елементите од традицијата и нивната естетска функција во поезијата на великанот на македонската култура од втората половина на 20 век – Блаже Конески. Станува збор, имено, за една од особините на книжевните дела што во современата книжевна теорија и во постмодернистичката творечка стратегија се детерминира како хипотекст: директни и индиректни траги од стар „текст“ во уметничката литература. Во поетската творечка постапка на Конески се забележуваат голем број на вакви експлицитни траги од претходни „текстови“ кои потекнуваат од неколку сегменти на традицијата. Ваквата творечка постапка на поетот Конески во овој труд ја илустрираме преку детална анализа на две песни („Круша“ и „Ангелот на Света Софија“), а во песните на нашиот поет откриваме и појава на автохипотекст, односно автоцитатност. Во трудот покажуваме дека иновациите (хипертекстот) во песните на Конески, всушност, доминантно се темелат токму врз надградувањето на разноликите фрагменти од традицијата на македонската и на светската култура и цивилизација.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ranko Mladenoski |
Date Deposited: | 05 Feb 2021 09:54 |
Last Modified: | 05 Feb 2021 09:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27575 |
Actions (login required)
View Item |