Отштетно право

Ampovska, Marija (2020) Отштетно право. Универзитет Гоце Делчев во Штип. ISBN 978-608-244-761-2

This is the latest version of this item.

Full text not available from this repository.

Abstract

Правилата на отштетното право се едно од средствата кои општеството ги користи во борбата против штетата. Денес тие правила се наоѓаат во повеќе правни извори од кои најзначаен и општ правен извор е Законот за облигационите односи. Теоретски, прашањата на отштетното право во нашата правна доктрина сè уште се разгледуваат во рамките на облигационото право како научна дисциплина. Затоа издавањето на овој учебник има за цел да ја збогати правната литература и домашната правна теорија со систематизирање на прашањата кои денес според современата компаративна правна доктирна се опфатени во материјата на отштетното право. Учебникот има за цел на студентите да им го доближи на едно теоретско ниво поимот на отштетното право, неговиот однос со други слични поими и правни гранки или области, да ги запознае со начелата на отштетното право, како општите начела на облигационото право и нивната применливост на теренот на отштетното право и да ги запознае со формално-правните извори на отштетното право. Во учебникот се содржани научните сознанија до кои авторот има дојдено во текот на својата 15 годишна научно-истражувачка дејност која во континуитет се одвиваше на полето на отштетното и облигационото право. Дел од сознанијата прикажани во овој учебник се веќе објавени од страна на авторот во соодветни публикации во текот на овие години. Другиот дел од сознанијата изнесени тука се нови и оригинални и создадени само за целите на овој учебник, со цел поврзување на целата материја на отштетното право, нејзино дополнување, продлабочување и прилагодување на намената оваа публикација да се користи како уебник за студентите на правни студии на Правниот факултет при Универзитет "Гоце Делчев" во Штип. Од аспект на содржината би напоменале дека студентите се запознаат со отштетно-правниот однос најпрво во рамки на предметната програма за Облигационо право, а овој учебник претставува едно продлабочено изучување на основните институти во отштетното право, како и воведување на нова материја со која студентите досега не се запознати и првенствено е наменет за предметот Отштетно право кој во постојните студиски програми на Правниот факултет е предвиден како задолжителен предмет во четврта година за студентите на модулот граѓанско право, како и во рамки на одредени студиски програми на втор циклус на студии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 05 Feb 2021 09:19
Last Modified: 05 Feb 2021 09:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27555

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item