Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија

Majhosev, Andon and Galeva, Jordanka and Koroveshosка, Iskra and Denkova, Jadranka (2020) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во Источниот регион на Република С. Македонија. Proceedings, 7th International conference: Social changes in the global world, 2 (7). pp. 759-776. ISSN ISBN 978-608-244-778-0

[thumbnail of Percepcija na slobodata na izrazuvanje na mediumskite rabotnici vo istocniot region na S. Makedonija.pdf]
Preview
Text
Percepcija na slobodata na izrazuvanje na mediumskite rabotnici vo istocniot region na S. Makedonija.pdf - Published Version

Download (12MB) | Preview

Abstract

Слободата на изразување е фундаментално право на човекот загарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, Советот на Европа, ЕУ и други меѓународни организации. Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување како на уставно така и на законско ниво во Уставот на државата и Законите.
Земајќи во предвид дека слободата на изразување најчесто се смета за огледало на демократијата во една држава и зависно од тоа колку се почитува ова право, така се вреднува и демократијата во нејзиното општество. Медиумите и новинарите вршејќи си ги секојдневните професионални обврски најчестосе соочуваат со разни притисоци од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето токму на ова право на слободата на изразување.
Во овој труд е направено истражување во однос на перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето на ова право. Целта на истражувањето беше да се дојде до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во медиумите во Источниот регион на Република С. Македонија.
Основно истражувачко прашање по кое се водеше истражувањето е "Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Источниот плански регион на Република С. Македонија?"

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Jordanka Galeva
Date Deposited: 15 Feb 2021 10:24
Last Modified: 17 Feb 2021 08:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27518

Actions (login required)

View Item View Item