Galeva, Jordanka (2020) Одржливоста на принципот за правична и соодветна застапеност во Република С. Македонија vis-à-vis меритократски систем на вработување. Knowledge-International Journal, Scientific papers, 41 (5). pp. 979-985. ISSN 2545-4439 / 1857-923X
Preview |
Text
Odrzlivosta na principot za pravicna i soodvetna zastapenost vo RM visavis meritokratski sistem za vrabotuvanje.pdf Download (734kB) | Preview |
Abstract
Една од најактуелните светски теми на 21-иот век е поврзана со поставувањето на цели и изнаоѓање на начини за одржлив развој во сите сфери од општествениот живот. Ако во минатото теоретичарите го анализираа развојот од економски аспект, во денешно време според стандардите за одржлив развој, анализата потребно е да ги вклучи не само економските принципи, туку и социјалните и оние поврзани со животната средина. Социјалната димензија конкретно ги третира социјалните прашања меѓу кои вработувањето, социјалната заштита, здравството и образованието. Предмет на анализа во овој труд се добиените резултати од вработувањето врз основа на принципот за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници во Република С. Македонија (Македонија). Оваа одредба уставно беше воведена во 2001 година, по препорака на Охридскиот Рамковен Договор (ОРД) и почна да се применува меѓудругото и во јавната администрација во сите централни и локални јавни тела, на сите нивоа. Целта на анализата во овој труд е да се види дали имплементацијата на оваа одредба доведе до (одржливи) резултати и дали истата го занемарува мерит системот. Трудот е поделен на три дела. Во првиот дел се презентирани политиките на ОРД кои се оденсуваат на принципот за соодветна и правична застапеност, законските измени за негова имплементација и добиените резултати, заклучно со 2019 година. Во вториот дел е објаснат мерит системот со примери за негова примена во одредени земји кои достигнаа економски успех. Во третиот (заклучниот) дел е направена споредба помеѓу двата принципи во насока на тоа, да се види дали доведуваат до одржлив развој.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jordanka Galeva |
Date Deposited: | 15 Feb 2021 10:22 |
Last Modified: | 15 Feb 2021 10:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27516 |
Actions (login required)
View Item |