Majhosev, Andon and Galeva, Jordanka and Korovesoska, Iskra and Denkova, Jadranka (2020) Перцепција на слободата на изразување на медиумските работници во источниот регион на Република С. Македонија. In: Меѓународна конференција „Општествените промени во глобалниот свет, Sept 2020, Stip, R.N. Macedonia.
Preview |
Text
Zbornik_Pravo_Politika, 1-9 Repozitorium.pdf Download (4MB) | Preview |
Preview |
Text
Zbornik_Pravo_Politika_Repozitorium (1) (1)-760-777 (1).pdf Download (600kB) | Preview |
Abstract
Слободата на изразување е фундаментално право на човекот загарантирано со повеќе правни инструменти на ООН, Советот на Европа, ЕУ и други меѓународни организации. Република С. Македонија како држава членка на ООН, Советот на Европа
и на други меѓународни организации го има имплементирано правото на слобода на изразување како на уставно така и на законско ниво во Уставот на државата и Законите.
Земајќи во предвид дека слободата на изразување најчесто се смета за огледало на демократијата во една држава и зависно од тоа колку се почитува ова право, така се
вреднува и демократијата во нејзиното општество. Медиумите и новинарите вршејќи си ги секојдневните професионални обврски најчестосе соочуваат со разни притисоци
од одделни центри на моќ кои го ограничуваат остварувањето токму на ова право на слободата на изразување.
Во овој труд е направено истражување во однос на перцепцијата на медиумските работници за слободата на изразување, како и причините кои влијаат во ограничувањето
на ова право. Целта на истражувањето беше да се дојде до конкретни сознанија за перцепцијата на степенот на цензура и автоцензура на медиумските работници во
медиумите во Источниот регион на Република С. Македонија.
Основно истражувачко прашање по кое се водеше истражувањето е “Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Источниот плански регион на Република С. Македонија?”Основно истражувачко прашање по кое се водеше истражувањето е “Каква е перцепцијата на медиумските работници за степенот на слободата на изразување во Источниот плански регион на Република С. Македонија?”
Клучни зборови: медиуми, слобода на изразување, цензура, Република С.
Македонија
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jadranka Denkova |
Date Deposited: | 04 Feb 2021 23:45 |
Last Modified: | 04 Feb 2021 23:45 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27492 |
Actions (login required)
View Item |