Doneva, Nada and Rogleva, Aleksandra (2015) Казнено - правна уреденост на абортусот во Република Македонија и европското законодавство. International Journal Scientific and Applicative papers: Knowledge. ISSN 1857-92
Preview |
Text
Насловна и содржина.pdf Download (664kB) | Preview |
Preview |
Text
Казнено - правна уреденост на абортусот во Република Македонија и европското законодавство.pdf Download (279kB) | Preview |
Abstract
Eдна од основните определби на медицинското казнено право и негов предмет на проучување е проблемот на абортусот и правото на живот на зачнатиот плод. Бројот на повреди на елементарните човекови права преку казнени дела извршени со помош на биомедицински интервенции за прекинување на бременоста, расте непрекинато и со забрзано темпо и претставува евидентен показател дека е потребно преземање на мерки за унапредување на моменталната состојба и изнаоѓање на соодветно решение на проблемот. Низ призмата на регулаторната рамка и обработката на случаи од праксата, трудот ја прикажува состојбата во Р. Македонија во врска со поставениот предмет на истражување, давајќи дeтален преглед на домашното законодавство кое ја уредува оваа проблематика, а во издвоен дел ја прикажува и меѓународната регулатива, па во однос на тоа и компаративните искуства во врска со правото на абортус и неговото врамување во соодветна казнено - правна рамка. Посебен осврт е даден на етичкиот аспект на абортусот, анализиран низ призмата на правото на живот, но и на досегашните законски решенија во Р. Македонија и ефектите од нивната импликација во пракса. Како особено важна се наметнува дилемата - во која мера е оправдано ограничувањето на абортусот во законска смисла, што несомнено предизвикува зголемување на бројот на нелегалните интервенции за прекинување на бременоста, а со тоа и на опасностите по животот и здравјето на жената?! Нотирани се и досегашните достигнувања во оваа област во домашниот казнено - правен систем и идните состојби и предизвици за унапредување на правната и институционална уреденост на проблемот.
При истражувањето, користени се: методот на анализа, case - study методот, социолошкиот и компаративниот метод.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandra Rogleva |
Date Deposited: | 10 Feb 2021 08:55 |
Last Modified: | 10 Feb 2021 08:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27461 |
Actions (login required)
View Item |