Функцијата на учителот и образованието во генезата на човечкиот капитал и економија базирана на знаење

Nikolovska Vrateovska, Dance and Niceva Tikvesanska, Violeta and Mojsoska, Snezana and Dzambazova Nikolovska, Vanja and Rogleva, Aleksandra (2015) Функцијата на учителот и образованието во генезата на човечкиот капитал и економија базирана на знаење. Зборник на трудови од научно-стручна трибина „Компетенциите и професионалниот развој на учителот во 21 век“, 03.10.2014. Факултет за образовни науки, Штип. ISSN 978-608-244-245-7

[thumbnail of Труд - Функцијата на учителот и образованието во генезата на човечкиот капитал.pdf]
Preview
Text
Труд - Функцијата на учителот и образованието во генезата на човечкиот капитал.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Живеењето во модерното општество претставува функционирање во глобален
свет, којшто воден од глобализационите трендови и интензивните технички и
технолошки промени и иновации, се потпира на знаењето и човечкиот капитал
како суштествен инпут за одржлив економски раст и развој. Основната
конкурентна предност на една модерна економија или т.н. економија базирана на
знаење, повеќе не е ниту евтината работна сила, ниту ниските даноци, ниту
геостратешката положба. Тоа е знаењето на вработените, нивната креативност и
иновативност, проактивност, претприемачкиот дух и експертиза во дадени
области. Денешната примена на најпропулзивна техника и технологија е во
рапиден пораст. Во услови на висока и лесна достапност на информации, како и
дистрибуција на истите, клучен сегмент при лиферувањето на квалитетно
образование е начинот на трансфер на тоа знаење. Иако не е помалку важно и
соодветното регулациско, институционално т.е. инфраструктурно опкружување,
како и техничката и логистичката поддршка во образовните институции, сепак,
наставниот кадар кој го спроведува образовниот процес, е суштествен и носечки
елемент во процесот на обезбедување на квалитетно образование. Овој труд
има за цел, користејќи го нормативниот и позитивниот истражувачки пристап,
преку методите на историска и трендовска компаративна анализа и преку
индуктивниот и дедуктивниот научно-истражувачки метод, да го утврди
влијанието, како и трансмисионите канали на пренос на ваквото влијание на
учителот и образованието во генезата на човечкиот капитал и економијата
базирана на знаење. Притоа, ќе биде даден посебен осврт, како и препораки за
подобрување на состојбата во Р. Македонија.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Aleksandra Rogleva
Date Deposited: 03 Feb 2021 10:49
Last Modified: 03 Feb 2021 10:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27458

Actions (login required)

View Item View Item