Dimova, Cena and Naskova, Sanja and Zlatanovska, Katerina and Zarkova, Julija and Mitevski, Kiril and Rogoleva Gjurovski, Sonja (2020) Современи аспекти на дезинфекција и стерилизација на инструменти и апарати во дентална медицина. [Project] (Unpublished)
Preview |
Text
Формулар за проект 2020 - 2022 со истражувачи.pdf Download (584kB) | Preview |
Abstract
Работата во стоматолошкатите ординации условува постојна превенција од инфектите кои можат да се пренесат за време на разните стоматолошки интервенции и тераписки процедури. За таа цел се користат различни видови на методи за дезинфекција и стерилизација на инструментите и апаратите. Тука спаѓаат различни видови на дезинфекциони средства, сува стерилизација, стерилизација во автоклав, хемиска стерилизација и др.
Целта на ова истражување е да се наведат и обработат современи аспекти на средствата и методите за дезинфекција и стерилизацја на дентални инструменти и апарати. Општа цел е да се добие една генерална слика како и да се направи споредба за тоа кои од методите најчесто се применуваат во источниот регион на Македонија. Исто така, истражувањето е со намера да се овозможи разбирање и согледување на важноста од потреба на вршење на преглед на квалитетот на стерилни услови во период после користење на одредени материјали во некоја интервенција.
Втора цел на оваа студија е да се даде увид каква контрола на стерилизација се врши во општите и специјалистички ординациите и да се изврши споредба со современите аспекти (дали се врши секојдневна контрола на стерилизација и на каков начин, колку често вршат контрола, дали се работи во асептични услови кои денес се особени важни за да се внимава на тоа затоа што во денешницата постојат различни инфективни и преносливи болести кои може да предизвикат тешки последици.). Како посебни цели е поставено:
- Да се определи категоризација на дентални инструменти од аспект на ризик за пренос на инфекција
- Да се определи категоризација на дентални апарати од аспект на ризик за пренос на инфекција
- Да се утврди кое дезинфекциско средство најчесто се користи,
- Да се утврди какви се можните последици врз пациентите,
- Да се утврди какви се можните последици на персоналот при ракувањето со контаминирани инстурментите (инфективни, алергиски и токсични).
-Вид на подготовка на инструменти и нивно чување.
Дезинфекцијата и стерилизацијата на инструментите, претставуваат неизоставен дел во секојдневната стоматолошка пракса. Нивната единствена цел претставува превенција од ширење на инфекции во текот на работата во стоматолошките ординации и е од клучно значење за успешноста на терапијата.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Cena Dimova |
Date Deposited: | 03 Feb 2021 10:48 |
Last Modified: | 06 May 2022 07:28 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27456 |
Actions (login required)
View Item |