Josifovic, Ivica (2020) Европското кривично право и заемната доверба во криза: студија на случај. Годишен зборник на Правен факултет, 10. pp. 75-83. ISSN 1857-8713
Preview |
Text
Godisen zbornik No_10 - split.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Апстракт: Неодамнешниот случај со Карлес Пуџдемон потврдува дека Европското кривично право, особено системот на Европскиот налог за апсење (ЕНА), е во криза на доверба. Трудот ги разработува фактите на случајот, како и одлучувањето на Германскиот висок регионален суд на Шлезвиг-Холштајн кој го одби ЕНА издаден од властите на Шпанија за кривичното дело бунт поради недостаток на двоен криминалитет. Трудот, исто така, сугерира дека кризата е создадена со одбивањето на можноста прашањето да се упати до Судот на правдата на Европската Унија (СПЕУ) во постапка по претходно одлучување со цел дополнително да се утврди Правото на ЕУ по критериумите за двоен криминалитет. Тоа доведе до намалување на довербата меѓу државите-членки, бидејќи шпанското судство било ставено на страна, а системот на ЕНА доведен во прашање. Заклучокот укажува на потребата од зајакнување на заемната доверба меѓу државите-членки, како и поголема вклученост на СПЕУ и евентуално решавање на случајот од страна на Европскиот суд за човекови права.
Клучни зборови: Пуџдемон, двоен криминалитет, Суд на правда, пресуда
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ivica Josifovik |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 11:02 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 11:02 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27402 |
Actions (login required)
View Item |