Еднаква плата за работа со еднаква вредност

Todorova, Biljana (2020) Еднаква плата за работа со еднаква вредност. Годишен зборник на Правен факултет, 10 (10). pp. 119-123. ISSN 1857-8713

[thumbnail of Biljana Todorova.pdf]
Preview
Text
Biljana Todorova.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Aпстракт: Имајќи го предвид фактот што правото на еднаква плата е признаено како
човеково право за сите, во трудот се прави анализа на овој концепт во македонското трудово
законодавство. Тој претставува критериум за плаќање на работниот ангажман на мажите и
жените за работа со еднаква вредност т.е. исто работно место. Овој концепт веќе со децении
е принцип во меѓународното трудово право, сè повеќе инфилтрирајќи се како стандард и во
националните законодавства. Со употреба на правниот и социолошкиот метод во трудот се доаѓа
до заклучок дека во Република Северна Македонија проблемот не е во легислативата, туку во
недоволната информираност за правата на жените во врска со оваа тематика. Други проблеми
се неинформираноста дека правото за еднаква плата за еднакво вреднувана работа е регулирано
и со закон, ниското ниво на свесност и непостоењето на стриктни мерки за транспарентност на
платите, но исто така и стравот од губење на работното место, доколку работничката го пријави
работодавачот за кршењето на овој принцип. Примената на законодавните одредби што го
промовираат овој принцип во голема мера зависи и од практичното спроведување и заканите од
санкции во случај на непочитување од страна на работодавачите.
Клучни зборови: работни односи, работник, работодавач, еднакви примања, плата,
приход

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Biljana Todorova
Date Deposited: 01 Feb 2021 09:27
Last Modified: 01 Feb 2021 09:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27399

Actions (login required)

View Item View Item