Rogleva, Aleksandra and Ivanova, Elena (2020) Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. Proceedings of the Seventh International Scientific Conference 'Social changes in the global world'. ISSN 978-608-244-778-0
This is the latest version of this item.
Preview |
Text
Улогата на системот за социјална заштита во постапување со деца жртви на сек. злоупотреба.pdf Download (4MB) | Preview |
Abstract
Системот на социјална заштита е динамична категорија која веќе подолг
временски период во континуитет трпи промени со цел прилагодување на новиот
општествен контекст и актуелните проблеми кои ги наметнува современото живеење.
Брзата индустријализација, сиромаштијата и ограничениот пристап до социјалните
услуги понекогаш ги лишува семејството и примарната мрежа на социјална заштита, од
можноста да обезбедат квалитетна и навремена грижа кога станува збор за потребите
на своите членови, a особено за децата. Токму поради тоа, центрите за социјална работа
како старателски органи и основни служби за социјална заштита во локалната заедница,
се најповикани да обезбедат помош и поддршка на деца на кои им е загрозен развојот
како резултат на различни облици на злоупотреба, но и да преземаат превентивни
активности со цел да се спречи настанување на виктимизација.
Оттука, основната идеја на трудот е да се направи детален преглед на овластувањата
кои ги имаат центрите за социјална работа при постапување со деца - жртви на
сексуално насилство и експлоатација и да се утврди каква е нивната улога и значење
во остварување на концептот на детска благосостојба. Во оваа насока, подеднакво
ќе бидат разгледани оние овластувања кои според својата содржина може да спречат
настанување на кривични дела од ваков вид како би се овозможило рано откривање и
третман на детето изложено на ризик од злоупотреба, како и интервентните мерки што
центрите се овластени да ги преземаат со цел да обезбедат сеопфатност и континуитет
во сите фази на заштита на децата од виктимизација.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Aleksandra Rogleva |
Date Deposited: | 01 Feb 2021 09:16 |
Last Modified: | 01 Feb 2021 09:16 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27396 |
Available Versions of this Item
-
Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. (deposited 01 Feb 2021 09:14)
-
Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. (deposited 01 Feb 2021 09:14)
- Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. (deposited 01 Feb 2021 09:16) [Currently Displayed]
-
Улогата на системот на социјална заштита во постапување со деца - жртви на сексуална злоупотреба. (deposited 01 Feb 2021 09:14)
Actions (login required)
View Item |