Проток на стимулирана плунка и пуферски капацитет кај деца со млечна дентиција

Naskova, Sanja (2020) Проток на стимулирана плунка и пуферски капацитет кај деца со млечна дентиција. Knowledge - International Journal Scientific Papers, 43.4. ISSN 1857-923X

[thumbnail of abstract-celosen trud- Knowledge 2020-Sanja Nashkova.pdf]
Preview
Text
abstract-celosen trud- Knowledge 2020-Sanja Nashkova.pdf

Download (494kB) | Preview
[thumbnail of KIJ%2c Vol. 43.4.pdf]
Preview
Text
KIJ%2c Vol. 43.4.pdf

Download (387kB) | Preview
[thumbnail of 114] Text
114

Download (46kB)

Abstract

Резиме Одржувањето на здравјето на сите орални ткива - оралната хомеостаза се реализира во присуство на многу состојки кои се во асоцијација на неоргански и органски компоненти на мешовитата плунка. Плунката ја сочинуваат повеќе компоненти, од кои основните компоненти во мешовитата плунка кај здрави лица е конгломерат од неоргански и органски состојки кои ја обезбедуваат физиолошка функција и заштита на сите орални ткива. Карактеристиките на плунката ја прават да учествува во процесите на: заштита, да овозможува механичко испирање и отстранување на мобилните остатоци од храната и шеќерите, а со тоа ја намалува достапноста за ацидогените бактерии одговорни за процесот на деминерализација на емајлот. Испитувањето го насочивме кон утврдување на количеството на стимулирана плунка и утврдување на пуферскиот капацитет на плунката кај деца со млечни заби. Во испитувањето се вклучени 74 испитаници поделени во две групи: I.31 испитаници со кеп=0 (контролна група) и II.43 испитаници со кариес (студиска група). Земањето мостри од плунката го правевме наутро минимално еден час после последниот оброк и миење на забите, со отсуство на испитаниците кои се во тек на припрема на лекување на забите. Проценката на рН на плунката ја правевме со готови фабрички тестови DENTOBUFF – test (Vivadent, Schaan, Lihtenstein), кој вклучува систем-индикатор за менување боја за утврдување на вредноста на рН на плунката. На тест-лентата со подлогата со пипета од сетот нанесувавме капка плунка и по 5 минути, време доволно за реакција, ја споредувавме добиената боја со табела за боја на лента Dentobuff. Анализата на податоците изведена е во статистички програми Statistica 7.1 for Windows и SPSS Statistics 17.0. Податоците за протокот на стимулирана плунка и пуферскиот капацитет на плунката кај децата со млечни заби, укажаа дека нема значајна разлика помеѓу испитаниците двете групи (p>0,05); Можеме да констатираме дека најголемиот дел од саливарните параметри успешно може да се користат за кариес скрининг и дека се кaкo нajaдeквaтнo средство за зaoкружувaњe нa дoбрoтo oрaлнo здрaвje кoe ќe ги вoди децата кoн здрaв живoт, сo oптимaлнa функциja нa зaбитe, вилицитe и придружнитe структури.
Клучни зборови: плунка, млечна дентиција, пуферски капацитет

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Naskova
Date Deposited: 31 Jan 2021 18:38
Last Modified: 31 Jan 2021 18:38
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27367

Actions (login required)

View Item View Item