Корелација меѓу производите и трошоците – патоказ кон конкурентска предност

Sofijanova, Elenica and Andronikov, Darko and Mojsov, Kiro and Janevski, Aco (2020) Корелација меѓу производите и трошоците – патоказ кон конкурентска предност. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, 21 (1). ISSN 1857- 7628

Full text not available from this repository.

Abstract

Претпријатијата, при процесот на производство, без разлика на видот на претпријатието, вршат одредени економски активности во кои се инволвирани инпути и фактори на производство, кои пак се поврзани со парични издатоци. Значи, претпријатијата имаат трошоци кои се потребни за реализација на ангажираните фактори на производство. Всушност, успешноста на работењето на претпријатието е поврзана со профитот кој пак, е во директна релација со трошоците. Вкупните трошоци кои се синтеза од фиксни и варијабилни трошоци, различно реагираат во однос на промените при обемот на производство. Тие имаат правопропорционален однос, заедно или растат, или се намалуваат. Затоа, корелацијата меѓу производството и трошоците е најдиректна, а тоа претпоставува дека различните производни техники и методи дозволуваат различни комбинаторики меѓу факторите за производство (труд, капитал, земја, претприемништво) при продукција на одреден вид производ. Конкретно, во трудот се прикажани трошоците за потребните инпути - материјали кои се добиваат годишно при одгледување лешник. Целта е да се согледа колкави трошоци се случуваат при одгледувањето на лешник, видовите (фиксни, варијабилни и вкупни) трошоци кои се случуваат во текот на шест години и исто така да се споделат трошоците во текот на шест години.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mirjana Kocaleva Vitanova
Date Deposited: 27 Jan 2021 00:31
Last Modified: 27 Jan 2021 00:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27260

Actions (login required)

View Item View Item