Правната етика во САД елаборирана низ призмата на модел стандардите на ABA

Doneva, Natasa (2020) Правната етика во САД елаборирана низ призмата на модел стандардите на ABA. Seventh International Scientific Conference "Social Changes in the global world"-Section Young Researchers. ISSN ISBN 978-608-244-767-4

[thumbnail of Наташа Донева.pdf]
Preview
Text
Наташа Донева.pdf

Download (8MB) | Preview

Abstract

Правосудството е област која во центарот ги има едни од најфундаменталните
вредности, како правда и правичност... Одлучува за едни од најважните човекови права
и слободи, задира во делови од човековото живеење кои што се суштински...Затоа и
повеќе од потребно е да се потенцира важноста од етичкото однесување на сите лица
инволвирани во практикување на правото.
Американската правна професија, се вели доживува драстичен брз развој. Според
статистиките, бројот на денешните правници во САД, никогаш не бил поголем . Во
1950 тите бројот на адвокати и судии бил околу 176.000,во 1970-260.000, во 1987
година-707.000... Но ваквото зголемување во правната фела не е само процентуално.
Присуството на правниците е се поекспонирано и во јавноста, медиумите...Со тоа
само се зголемува притисокот и за нивната правна етика. Но ставот е се позаеднички:
Правниците би требало да имаат подобра етика.
Од наративните правила, преку ABA’s Canons 1908, Преку Model Code of
Professional Responibility, до The Model Rules of Professional Conduct, можеме да
нотираме дека обидот, интенцијата за зачувување на суштината на етиката е присутна
од секогаш, но начинот на кој истата е изразена е драстично сменета... Всушност
дизајнирањето на соодветен документ и неговата имплементација се покажале малку
проблематични.
Во овој труд ќе бидат елаборирани претходно споменатите три најрелевантини
документи донесени од страна на ABA (American Bar Association), се со цел да се
согледа (р)еволуцијата на регулацијата на правната етика во САД. Исто така ќе се даде
краток брифинг и за дисциплинските мерки за недолично однесување и “каналите” низ
кои истото се спроведува. Истата анализа ќе биде завршена со отварање на прашањето,
што со правната етика во дигиталната ера? Дали и како државите се носат со тој нов
предизвик?

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Natasa Doneva
Date Deposited: 27 Jan 2021 20:10
Last Modified: 27 Jan 2021 20:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27247

Actions (login required)

View Item View Item