Предизвици при обезбедување на соодветен ревизорски доказ

Ignjatov, Ivan (2020) Предизвици при обезбедување на соодветен ревизорски доказ. Билтен на Здружение на финасиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија - Велес. ISSN 1857 - 8837

[thumbnail of Предизвици при обезбедување на соодветен ревизорски доказ.pdf]
Preview
Text
Предизвици при обезбедување на соодветен ревизорски доказ.pdf

Download (1MB) | Preview
[thumbnail of Содржина - Билтен.pdf]
Preview
Text
Содржина - Билтен.pdf

Download (215kB) | Preview

Abstract

Обезбедувањето на соодветен ревизорски доказ е најголемиот предизвик за ревизорот. Врз основа на обезбедениот ревизорски доказ се темели квалитетот на спроведената ревизија, како и квалитетот и сигурноста на ревизорските наоди и препораки кои се дел од ревизорскиот извештај.
Согласно ИССАИ 1500 (Ревизорски докази) се наведува дека ревизорот дизајнира и извршува ревизорски процедури кои се соодветни во околностите за целите на добивање на доволно соодветни ревизорски докази.
Во ИССАИ 1330 се наведува дека „ доколку ревизорот не добил доволно соодветни ревизорски докази за материјално тврдење во финансиски извештај, тој ќе се обиде да добие натамошни ревизорски докази. Ако ревизорот не е во состојба да добие доволно соодветни ревизорски докази, тој ќе изрази квалификувано мислење или ќе се откаже од мислење за финансиските извештаи.”
Соодветноста на ревизорскиот доказ е поврзана со неговата значајност и сигурност.
За да биде соодветен, ревизорскиот доказ мора да биде релевантен за да може ревизорот на него да го втемели ревизорското мислење за финансиските извештаи.
Ревизорските докази за потребите на ревизијата потребно е да ги содржат следниве четири карактеристики: релевантност, непристрасност, објективност, убедливост.
При прибирањето на ревизорскиот доказ, ревизорот користи повеќе техники и методи коишто можат да се класифицираат во следните постапки: увид, набљудување, распрашување, надворешна конфирмација, повторно пресметување, повторно извршување, аналитички постапки.
При документирањето на спроведените ревизорски активности и обезбедувањето на соодветна ревизорска трага, ревизорот е потребно да изврши соодветно одбележување (референцирање) на документите, како и нивно поврзување со други документи кои се взаемно поврзани, информациите да бидат јасни и разбирливи, целосни и точни и да обезбедуваат дирекна поддршка на ревизорските наоди, заклучоци и препораки.
Постоењето на соодветна документација е важно од аспект да се потврди и даде поддршка на ревизорскиот извештај и ревизорското мислење, придонесува кон зголемување на ефикасноста и ефективноста на самата ревизија, служи како извор на информации за подготвување извештаите, може да се користи извор на информации да се одговори на сите прашања поставени од субјектот или трето лице, да послужат како доказ за спроведување на ревизијата во согласност со ревизорски стандарди, документацијата го олеснува процесот на планирање и надзор, помага во професионалниот развој на ревизорот, претставува извор на информации дека при осигурувањето дека делегираните активности се задоволително извршени, како и обезбедува докази за работа за во иднина.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ivan Ignjatov
Date Deposited: 25 Jan 2021 11:02
Last Modified: 25 Jan 2021 11:02
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/27067

Actions (login required)

View Item View Item