Metodijeski, Dejan and Taskov, Nako and Arminovska, Limonka and Antonievski, Goran and Filiposki, Oliver and Sazdova, Julijana and Golakov, Kostadin and Belcev, Tole (2020) Гастрономски речник. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-06-1
Preview |
Text
Gastronomski recnik.pdf Download (586kB) | Preview |
Abstract
Во гастрономијата се користи стручна терминологија и зборови кои потекнуваат од различни говорни подрачја. Основната цел на овој речник е да обезбеди правилно толкување на зборовите, поимите и термините, кои се среќаваат и користат во угостителството. Областите кои се опфатени во речникот вклучуваат: опрема и инвентар за подготовка и послужување на храна и пијалаци, различни видови кујни, карактеристични јадења, намирници кои се користат во готварството и исхраната, познати личности поврзани со гастрономијата, техники на подготовка на јадења и останати аспекти на гастрономијата.
Процесот на селекција на термините во речникот одразува за кого е тој наменет. Првенствено е наменет за сите кои работат во секторот угостителство и туризам, за готвачите и шефови на кујни, услужниот персонал, но исто така и за академската јавност, студентите, учениците, како и претставници на невладиниот сектор и државните институции. Во речникот се опфатени поими и термини кои се користат секојдневно од страна на сите вработени во угостителството и од страна на оние кои учествуваат во него како потрошувачи.
Авторите на овој речник прават напор да обезбедат основно, точно и јасно објаснување на значењето на поважните термини поврзани со гастрономијата, со што ќе придонесат за зголемување на стручната литература од ова поле во нашата земја. Ова издание на речникот содржи над 500 поими и термини, подредени по азбучен ред на македонски јазик, во заграда е јазикот од кој потекнуваат термините и потоа следи објаснување на македонски јазик.
Во изработката на речникот користена е соодветна стручна литература од областа на угостителството и гастрономијата, како речници, лексикони и енциклопедии. При комплетирањето на материјалот, голем дел од информациите се собрани од искуството на авторите и практикувањето на гастрономијата, како и користејќи го интернетот и дигиталните речници како извор на информација.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на речникот, можеби сме пропуштиле некои важни термини од значење за гастрономијата. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание на речникот.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 25 Dec 2020 08:14 |
Last Modified: | 25 Dec 2020 08:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26928 |
Actions (login required)
View Item |