Улогата и значењето на различните видови на ревизија како инструмент за заштита на финансиските интереси и подобрување на успешноста во работењето

Ignjatov, Ivan (2014) Улогата и значењето на различните видови на ревизија како инструмент за заштита на финансиските интереси и подобрување на успешноста во работењето. Билтен на Здружение на финасиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија – Велес. ISSN 1857 - 8837

[thumbnail of b2014_7.pdf]
Preview
Text
b2014_7.pdf

Download (16MB) | Preview
[thumbnail of Содржина-Улогата и значењето на различните видови на ревизија.pdf]
Preview
Text
Содржина-Улогата и значењето на различните видови на ревизија.pdf

Download (970kB) | Preview
[thumbnail of Улогата и значењето на различните видови на ревизија.pdf]
Preview
Text
Улогата и значењето на различните видови на ревизија.pdf

Download (572kB) | Preview

Abstract

Ревизија на работењето на организацијата и тековно следење на воспоставениот систем на интерни контроли ја извршуваат интерни (внатрешни) ревизори.
Ревизорските извештаи и ревизорското мислење од интерните (внатрешни) ревизори се доставува до менаџментот на организацијата со цел навремено информирање на менаџментот за потребите од превземање на соодветни мерки и активности за подобрување на функционирањето на воспоставениот систем на интерни контроли и обезбедување на разумно уверување дека целите на субјектот се остварени.
Внатрешната ревизија и контрола треба да се спроведува во сите организациони единици и на сите нивоа на субјектот и ги опфаќа сите средства на субјектот, вклучувајќи ги средствата од Европската унија и од други извори.
Независната (надворешна) ревизија се пропишува од страна на државата и ја вршат надворешни независни ревизори кои не се дел од институцијата субјект на ревизија. Независната надворешна ревизија ја вршат врховните ревизорски институции во земјата формирани од страна на Парламентот кои вршат ревизија на корисниците на средствата од буџетот на државата, како и приватни ревизорски куќи кои имаат лиценци за вршење на независна надворешна ревизија.
Извештаите на надворешната ревизија се доставуваат до субјектот на ревизија, до Парламентот и до јавноста, со цел оснивачите и сопствениците на претпријатијата да се уверат дека менаџерите им даваат вистински информации за финансиската состојба и деловниот резултат на претпријатието.
Како корисници на ревизорските извештаи се јавуваат :
• Сопствениците (заштита на интересите на сопствениците на капиталот); менаџментот (реални информации за управувањето, одговорноста на менаџментот за финансиските извештаи);
• Сегашните и потенцијалните кредитори и инвеститори (оценка на оправданоста на вложувањата во секој потфат односно некое претпријатие, намалување на ризикот на вложувањето): деловните партнери (оценка на бонитетот);
• Државата, односно Владата и владините институции (соодветно спроведување на стопанската политика, алоцирање на капиталот на најефикасен начин, адекватно спроведување на фискалната политика); и
• Општеството како целина, односно јавноста (заштита на интересите на ситните акционери, финансиските извештаи се јавуваат како јавни документи, слобода на располагање со информациите).
Ревизијата ја вршат овластени ревизори кои се компетентни и стручни лица со комплексни теоретски познавања и практично искуство во областа на ревизијата кои се именувани и назначени согласно критериумите предвидени со законите и постапките за именување и назначување.
Ревизијата како активност треба да биде независна во однос на Владата, во однос на претпријатијата, банките и другите субјекти на ревизија која има за цел да ги заштити интересите на сопствениците на капиталот, кредиторите, инвеститорите како и целокупните јавни интереси во земјата.
При вршење на ревизијата ревизорите може да се сретнат со одредени ризични/конфликтни ситуации кои може да се појават во:
• Зачувување на независноста на ревизорите во однос на менаџерите, акционерите и државата
• Обврската за спроведување на ревизијата согласно сметководствените стандарди, стандардите за ревизија и прописисте кои ги донесува државата
• Можните грешки при обелоденувањето на информациите и можниот конфликт помеѓу менаџерот и ревизорот
• Потенцијалниот конфликт меѓу менаџерот и ревизорот во случај кога менаџерите настојуваат да ги прикријат сопствените слабости, грешки и измами и можна појава на судски спорови против ревизорите.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Ivan Ignjatov
Date Deposited: 14 Dec 2020 09:32
Last Modified: 14 Dec 2020 09:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26876

Actions (login required)

View Item View Item