Papakoca, Kiro (2020) Пациенти со ризик за изведување на стоматолошки интервнеции. In: On-line симпозиум со меѓународно учество „Стоматолошки третман кај пациенти со ризик и општи забоувања, 13 June 2020, Kumanovo, Macedonia.
Preview |
Text
Kumanovo 2020 K.P.1.pdf Download (10MB) | Preview |
Preview |
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
str 2.pdf Download (949kB) | Preview |
Abstract
Сите оние пациент чијашто општа здравствена состојба е до тој степен загрозена, па дури и една едноставна стоматолошка интервенција може да ја влоши оваа состојба дополнително се пациенти на кои треба да им се насочи зголемено внимание во текот на изведувањето на самите стоматолошки интервенции. Ризичните пациенти се, секојдневно присутни во стоматолошките ординации, а во иднина нивниот број сигурно ќе се зголеми. Затоа е неопходно да се препознаат (преку детално земена анамнеза) и да се прилагоди третманот на специфичностите на нивната болест. Зависно од природата на болеста и тежината и опсегот на планираната стоматолошка интервенција што би требало да се изведе, дел од интервенциите бараат одредени модификации во третманот и посебни мерки на внимателност, додека некои состојби воопшто нема да бидат третирани се додека основната болест не биде ставена под контрола. Поради специфичноста на голем број на општи заболувања, потребно е строго придржување до одредени постапки кои се изведуваат пред, во тек и после стоматолошка интервенција, бидејќи стоматологот со планираната интервенција може да ја загрози основната болест ако не ги почитува одредени принципи и овие пациенти можат да претставуваат ризик за стоматологот и останатите лица особено ако станува збор за можност за трансмисија на болеста. Токму оваа презентација ќе биде насочена кон оние пациенти кои се сметаат за „ризични“ поради присуството на заболувањата, ќе ги напоменеме основнте клинички карактеристики на заболувањата, специфичностите од анамнезата и клиничкиот преглед и секако ќе се задржиме на стоматолошкиот менаџмент на најчесто присутните заболувања.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Mihajlo Petrovski |
Date Deposited: | 09 Dec 2020 08:55 |
Last Modified: | 09 Dec 2020 08:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26858 |
Actions (login required)
View Item |