Sofronievska, Maja (2020) Меѓусебна корелација на несаканите дејства во рамките на пост 5α редуктаза инхибитори синдромот кај пациентите кои се на медикаментозен третман за бенигна простатична хиперплазија. PhD thesis, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип.
Preview |
Text
Докторат за одбрана-Маја Софрониевска Главинов.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Несаканите ефекти од фармако терапијата со 5α-редуктаза инхибитори 5АРИ се предизвик во лекувањето на пациентите со бенигна хиперплазија на простатата БПХ заради ограниченоста во фармаколошките опции за третман и честата контраиндикација за хируршки третман на овие пациенти. Дополнително е и влошувањето на квалитетот на живот настанато од фармакотерапевтските опции. Целта на оваа проспективна контролирана студија беше да се оцени корелацијата на несаканите ефекти од употребата на 5АРИ кај пациентите со БПХ во рамките на пост 5АРИ синдромот и биохемиските промени кои допринесуваат за нивното појавување. Двесте и педесет (250) мажи на возраст од 45 до 70 години, со средно изразени симптоми на долен уринарен тракт заради БПХ беа анализирани во две групи: контролна група пациенти третирани само со α1-блокатор и испитувана група третирана со комбинирана терапија со α1-блокатор (тамсулозин) и 5АРИ (дутастерид). Тежината на симптомите на долниот уринарен тракт (СДУТ) беше утврдена врз основа на интернационалниот простата симптом збир (IPSS), појавата на еректилната дисфункција настаната заради несакано дејство од употребата на дутастерид беше евалуирана со користење на меѓународен индекс на еректилна функција (IIEF-5), а нарушувањето на расположението настанато заради несакано дејство од употребата на дутастерид беше проценето со користење на прашалник за самоевалуација на депресија, PhQ-9. Сите варијабли се евидентираа на почетокот на воведувањето на терапија, по 6 и по 12 месеци од започнувањето на истата. Истовремено се мереа и серумските вредности на тестостерон и дехидроепиандростерон сулфат. Резултатите ја потврдија хипотезата за постоење меѓусебна корелацијата помеѓу еректилната дисфункција и нарушувањата на расположението кај 26 пациенти (p<0,001) и беше потврдена нивната зависност од серумските нивоа на тестостерон и дехидроепиандростерон сулфат кај пациентите во испитуваната група. Истовремено се потврдија и потхипотезите за влијанието на IPSS на еректилната функција и нарушувањата на расположението и корелацијата на пост 5АРИ синдромот со влошување на квалитетот на живот (p<0,001). Клучни зборови: БПХ, 5АРИ, еректилна дисфункција, расположение, дехидроепиандростерон.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Svetlana Jovevska |
Date Deposited: | 07 Dec 2020 14:52 |
Last Modified: | 07 Dec 2020 14:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26855 |
Actions (login required)
View Item |