Учебник по „Хемија на колоиди“

Gorgeska, Biljana and Kostadinovic Velickovska, Sanja (2020) Учебник по „Хемија на колоиди“. Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. ISBN 978-608-244-747-6

[thumbnail of Учебник по Хемија на колоиди.pdf]
Preview
Text
Учебник по Хемија на колоиди.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Во овој учебник по предметот Хемија на колоиди (второ издание –
дополнето и изменето) се објаснети седум поглавја во кои подробно се
дискутирани принципите и постапките за добивање на колоидни системи како и
методите за анализа на овие системи.
По краткиот вовед за областа што ја проучува хемијата на колоиди, во
првото поглавје од овој учебник се дефинираат колоидните системи,
големината и градбата на нивните честички, како и начините за нивното
добивање. Понатаму, првото поглавје од овој учебник ги проучува кинетичките
појави на колоидните системи како што се Брауново движење, дифузија,
осмоза, дијализа и седиментација. Во првото поглавје, исто така, опфатени се
и оптичките својства на колоидните системи како што се прекршување и
расејување на светлината и употребата на овие својства во фармацијата и
медицината.
Мицеларните колоиди се објаснети во второто поглавје од овој
учебник. Посебен акцент е ставен на структурата на мицелите, Крафтовата
точка, заматувањето и солубилизацијата на мицеларни колоиди.
Во третото поглавје од овој учебник објаснети се површинските појави
кај колоидните системи. Конкретно, објаснети се појавите на граничните
површини течност – гас, течност – течност и цврста супстанција – течност. Во
ова поглавје објаснет е и поимот „површински напон“ на колоидните системи,
како и разлевање и натопување.
Во четвртото поглавје, „Реологија и вискозност“, дефинирани се
поимите реологија и вискозност и дефинирана е поделбата на колоидните
системи на Њутнови и нењутнови системи. Понатаму, реолошките особини на
колоидните системи директно се објаснети на фармацевтски производи како
што се креми, пени, лосиони и средства за одржување на лична хигиена.
Посебен акцент е ставен на емулзии и микроемулзии, избор на соодветен
емулгатор, HLB метод, сурфактанти и косурфактанти.
Во петтото поглавје објаснета е коагулацијата на колоидните системи.
Поточно, во ова поглавје најпрвин се дефинирани и објаснети факторите од
кои зависи стабилноста на еден колоиден систем, а потоа поединечно е
разгледана и објаснета стабилноста на лиофилните и лиофобните колоидни
системи. Последната тема во ова поглавје ги објаснува спонтаната и
предизвиканата коагулација како можност за окрупнување и прочистување на
колоидните системи.
Во шестото поглавје дефинирани се лиогеловите, односно начините на
нивното образување со динамичка коагулација, како и бабрењето на
ксерогелот. Издвојувањето на течната фаза од гелот, односно „стареењето“ на
гелот познато под поимот синереза, е објаснето во последната лекција од ова
поглавје.Во последното, седмо, поглавје објаснета е структурата на геловите и
мембраните. Објаснет е, исто така, и начинот на добивање на лиогел, како и
процесот на гелирање на колоидните раствори и соли. При разгледување на
структурата на мембраните, посебен акцент е ставен на неутрални и активни
мембрани. Објаснети се структурата и својствата на т.н. „молекуларни“
мембрани како и нивната употреба во медицината и во фармацијата.

Item Type: Book
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Sanja Kostadinovik
Date Deposited: 23 Nov 2020 08:08
Last Modified: 23 Nov 2020 08:08
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26769

Actions (login required)

View Item View Item