Влијанието на брзиот технолошки развој во современи меѓународно економски односи

Kocevski, Dean and Ignjatov, Ivan (2015) Влијанието на брзиот технолошки развој во современи меѓународно економски односи. Македонско здружение за маркетинг „Маркетинг“ – Скопје. ISSN 1857-9787

[thumbnail of D. 1.pdf]
Preview
Text
D. 1.pdf

Download (439kB) | Preview

Abstract

Брзото темпо на развој и современите економски текови наложуваат компаниите континуирано да бидат вклучени во меѓународно економските односи со цел што поголем пазарен сегмент.
Енормниот технолошки развој нуди нови платформи кои интегрираат повеќе типови на уреди и апликации во еден резултат – информација. Собирање на секој можен податок кој со негова правилна и детална обработка станува информација значајна за имплементирање на нови стратегии за пристап кон пазарот. Користењето на напредни платформи кои се резултат од брзиот технолошки развој овозможува континуирано, па во одредени случаи и следење на пазарот во реално време, што резултира со способност за навремено реагирање и прилагодување на промените на пазарот со цел остварување на целите. Ваквиот пристап е генерално овозможен благодарение на интернетот каде сè се случува со брзина на светлината но и поради напредокот на технологијата, односно нејзиниот фокус на мобилните уреди (Smartphones, Tablet PCs, etc.) кои што сè повеќе се присутни во секојдневниот живот и се најшироко распространети гледано од аспект на профилите на корисниците (во контекст на профилирање и дефинирање целна група).
Ваквите промени директно влијаат на моменталната хиерархиска организација на претпријатијата и едноставно принудуваат на имплементирање на стратегии за хоризонтална и вертикална интеграција. Ако се земе дека ваквиот пристап (принудување за имплементација на одредени стратегии) е наметлив, пред да го категоризираме како негативна одлика на големите технолошки достигнувања и промените кои ги наложуваат, важно е да се потенцираат и придобивките. Имено, можноста да во дел од секунда се истражи комплетно нов дел од пазарот, интернационален дел, воведува нова димензија во маркетингот и воопшто во економијата и политиката на едно претпријатие.
Многу е важно претпријатијата да го направат првиот чекор и да пристапат кон интернационалното движење, кое за возврат ќе им овозможи потрошувачи и од другиот крај на светот а сепак од нив ќе ги дели само еден клик.
Клучни зборови: Промените на пазарот, мобилни комуникации, технологија, развој, меѓународните економски односи, организација, меѓународна интеграцијата на пазарот

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ivan Ignjatov
Date Deposited: 13 Nov 2020 09:42
Last Modified: 13 Nov 2020 09:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26701

Actions (login required)

View Item View Item