Ignjatov, Ivan (2016) Појавата на неправилности и можна измама и превентивни мерки. Асоцијација за корпоративна безбедност - Втора меѓународна научна и стручна конференција - Општествени, економски, правни, безбедносни и социјални детерминанти за развој на корпоративната безбедност во Република Македонија, регионот и пошироко. ISSN COBISS.MK-ID 102934026 ISBN 978-608-65953-4-0 CIP 355.45(082)
Preview |
Text
Појавата на неправилности и можна измама и превентивни мерки.pdf Download (148kB) | Preview |
Abstract
Глобализацијата и развојот на економските активности, неминовно придонесува
за сложеност на состојбите и финансиските процеси. Сложеноста на операциите и
процесите од друга страна претставува ризичен фактор за запазување на квалитетот во
работењето, но што е поважно, се јавува можност за зголемување на неправилностите и
појава на случаевите на можни измами. Измама претставува криминална активност, која се
организира и спроведува со намера и од која се која се добива одредена финансиска корист.
Влијанието на измамата во функционирањето на деловните субјекти е значително. Тоа
може да го наруши нивното функционирање од аспект на бизнис континуитет, намалување
на квалитетот и ефикасноста на услугите, како и да претставува закана за целокупната
финансиска стабилност. Клучните елементи на ефективна контролна рамка за превенција
од измама, вклучуваат: постоење на контролен план за измама, каде се врши документирање
на активностите превземени од субјектот за спречување на проневери и можни измами,
периодични и сеопфатни проценки на ризиците за можна измама, документирани политики
и процедури за справување со сомневањето за можна измама, вклучувајќи заштита на
имателите на информациите, зголемување на нивото на етичка култура, усогласено со
кодексот на однесување и етичност во работењето, континуирана и редовна обука за
подигнување на свеста за можна измама, воспоставување на соодветни процедури на
внатрешните ревизии за ефективноста на воспоставениот систем за контрола од измама и
сродни постапки за активности кои се со висока изложеност на ризик од измама. Измамата
најчесто води кон нарушување на јавниот имиџ и углед. Со цел превенција и заштита од
можните измами во работењето, потребно е воведување на соодветен систем на интерни
контроли кој ќе биде активен, буден и ефикасен во справувањето со ризикот од можна
измама.
Клучни зборови: криминална активност, превенција, култура, ризик.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Ivan Ignjatov |
Date Deposited: | 12 Nov 2020 10:51 |
Last Modified: | 12 Nov 2020 10:51 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26699 |
Actions (login required)
View Item |