Влијанието на Ковид 19 врз трговијата со услуги

Miteva-Kacarski, Emilija and Cabuleva, Kostadinka and Georgieva Svrtinov, Vesna (2020) Влијанието на Ковид 19 врз трговијата со услуги. Godisen zbornik, 20. pp. 55-62. ISSN 1857-7628

[thumbnail of ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД 19 ВРЗ ТРГОВИЈАТА СО УСЛУГИ.pdf]
Preview
Text
ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД 19 ВРЗ ТРГОВИЈАТА СО УСЛУГИ.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Секторот услуги е многу погоден како резултат на глобалната пандемија КОВИД 19. Туризмот како и услугите за транспорт и дистрибуција претрпеа многу штети како резултат на ограничувањата на мобилноста и мерките за социјално дистанцирање наметнати заради зачувување на јавното здравје. Имајќи ја предвид важноста на услугите во обезбедувањето инпути за останатите економски активности, вклучувајќи го и синџирот на снабдување како и олеснувањето на трговијата со стоки, нарушувањето во обезбедувањето на услуги има големо економско и трговско влијание. Кризата доведе кон поголем фокус на снабдувањето преку Интернет во секторите како што се трговијата на мало, здравството, образованието, телекомуникациите и аудиовизуелните услуги. Оттука, добавувачите пристапија кон проширување на нивните мрежни операции, додека купувачите усвоија нови навики кои можат да придонесат кон долгорочно поместување кон онлајн услугите. Зголемената употреба на онлајн услугите за време на пандемијата КОВИД 19 ги потенцираше разликите во технологијата и поврзувањето, бидејќи онлајн часовите не се возможни за ученици/студенти без компјутери, додека пак телекомуникациите не се опција за вработени без широкопојасен Интернет.
Севкупно, кризата дополнително ја потенцира важноста на услугите кои овозможуваат снабдување преку Интернет, како што се телекомуникациските и компјутерските услуги како и важната инфраструктурна улога на финансиските, транспортните, дистрибутивните и логистичките услуги во олеснувањето на трговијата со стоки и економскиот раст. Услужниот сектор како и создавањето погодни услови за трговијата со услуги ќе бидат клучни во заздравувањето од економското забавување.
Клучни зборови: трговија со услуги, КОВИД 19, онлајн услуги, олеснување на трговијата

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 22 Oct 2020 08:45
Last Modified: 22 Oct 2020 08:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26678

Actions (login required)

View Item View Item