Услови и перспективи за развој на урбаниот туризам во Република Македонија

Majhosev, Darko (2020) Услови и перспективи за развој на урбаниот туризам во Република Македонија. PhD thesis, Univerzitet Goce Delcev - Stip.

[thumbnail of УСЛОВИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.pdf]
Preview
Text
УСЛОВИ И ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА УРБАНИОТ ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.pdf

Download (9MB) | Preview

Abstract

Докторскиот труд со наслов „Услови и перспективи за развој на урбаниот туризам во Република Македонија“ претставува обид од научен аспект да се одговори на прашањето, кои се условите и перспективите за развој на урбаниот туризам во Република Македонија.
Трудот е структуриран во XIII поглавја кои се систематизирани, меѓусебно поврзани и взаемно се надополнуваат едни со други, со што се добива една научна целина од која може да се добие одговорот на погоре поставеното истражувачко прашање.
На почетокот од докторатот се одредени предметот, целите, очекуваните резултати, како и методолошкиот приод, хипотетската рамка во истражувањето и операционализацијата на значењето на термините.
Второто поглавје се однесува на „Научното поимање на туризмот“ и ги содржи дефинирањето на поимите турист, туризам и урбан туризам.
Третото поглавје е со наслов „Основни географски карактеристики на Република Македонија“, во него се зборува за туристичко географската положба на државата и како таа влијае на развојот на туризмот.
Четвртото поглавје е со наслов „Природните фактори значајни за развој на урбаниот туризам во Република Македонија“, во него е прикажано и анализирано значењето на геологијата, тектониката, релјефот, геоморфологијата, хидрографијата, климата, педогеографијата и биогеографијата врз развојот на урбаниот туризам во Република Македонија.
Петтото поглавје се однесува на „Антропогените туристички фактори“, во него се анализирани културно – историските туристички мотиви, културно-историски туристички ресурси, религијата како фактор на развој на туризмот во Р. Македонија (цркви, манастири и џамии), средновековните тврдини и кули, мостови и акведукти, етнографски и социјални туристички мотиви, традиционалната гастрономија и винарии, туристичките манифестации, амбиентални туристички мотиви и др.
Шестото поглавје е со наслов „Рeцептивни фактори – капацитети за развој на урбаниот туризам" во кое се анализирани квантитативно и квалитативно сместувачките капацитети во Република Македонија како фактор за развој на урбаниот туризам во државата. Исто така, во рамките на поглавјето направена е анализа на категоризацијата на сместувачките објекти во Република Македонија како релевантен фактор за развој на урбаниот туризам.
Седмото поглавје е со наслов „Значењето на комуникативно-телекомуникацискиот сообраќај како фактор за развој на урбаниот туризам во Република Македонија“ во него се анализирани патната и железничката мрежа, телекомуникацискиот, поштенскиот сообраќај, интернетот и дигитализацијата врз развојот на урбаниот туризам во Република Македонија.
Осмото поглавје е со наслов „Правни претпоставки за развој на туризмот во РМ“, во него се анализирани најважните општи правни акти во државата (Уставот на Република Македонија, Закон за туристичка дејност, Закон за угостителска дејност, Закон за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Закон за автокампови, Закон за локална самоуправа, Закон за рамномерен регионален развој и поважните подзаконски акти.)
Деветтото поглавје се однесува на „Институционалните претпоставки за развој на туризмот“, во него се анализирани најважните меѓународни и национални организации и институции и нивната улога во развојот на туризмот.
Десеттото поглавје е со наслов „Урбаниот туризам низ призмата на планските региони“, во него е анализиран развојот на урбаниот туризам низ призмата на планските региони преку повеќе индикатори (број на соби, број на легла, број на туристи, број на ноќевања, број на туристички агенции, број на винарии и др.).
Во единаесеттото поглавје се прикажани резултатите од SWOT анализата и стратешките документи за развој на туризмот во РМ.
Во дванаесеттото поглавје се прикажани резултатите од истражувањето на условите и перспективите за развој на урбаниот туризам во облик на табели, пити и други визуелни форми.
Во тринаесеттото поглавје се дадени заклучните согледувања, односно општите заклучни согледувања поврзани со истражувањето и заклучни согледувања поврзани со хипотезите, како и препораките за подобрување на развојот на туризмот, односно урбаниот туризам во Република Македонија.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 09 Oct 2020 11:45
Last Modified: 09 Oct 2020 11:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26644

Actions (login required)

View Item View Item