Лабораториско дијагностицирање на chlamydia trachomatis инфекции

Krsteska, Blagica (2020) Лабораториско дијагностицирање на chlamydia trachomatis инфекции. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of specijalisticki trud.pdf]
Preview
Text
specijalisticki trud.pdf

Download (523kB) | Preview

Abstract

овед: Терминот сексуално преносливи болести (СПБ) се однесува на различни
клинички синдроми или инфекции, предизвикани од страна на патогени, кои може
да се стекнат или да се пренесат преку сексуална активност. Карактеристичен
пример за патоген кој може да предизвика појава на ваков тип на болести е
Chlamydia trachomatis. Chlamydia trachomatis, најважниот причинител на болести
кај човекот од сите хламидии, е поделена во два биовара кои ги одразуваат
фундаменталните разлики во нивната инвазивност врз клеточни култури и
нивната вмешаност во болестите за човекот. Окулогениталниот биовар ги
предизвикува минимално инвазивните трахом, инклузионен конјуктивит,
окулогенитални инфекции и реактивен артритис. LGV-биоварот предизвикува
lymphogranuloma venereum, поинвазивна инфекција на гениталниот тракт,
асоцирана со лимфоидна патологија. Генерално, некомплицираните урогенитални
инфекции предизвикани од оваа бактерија, се третираат со азитромицин или
доксициклин. Доколку станува збор за ваков тип на инфекции за време на
бременост, тогаш оправдана е употребата на антибиотикот амоксицилин

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 07 Oct 2020 08:44
Last Modified: 07 Oct 2020 08:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26606

Actions (login required)

View Item View Item