Glavinov, Aleksandar and Mijoski, Goran (2020) Инфраструктурни објекти. Ка-Ел-Ес принт, Скопје. ISBN 978-608-4510-43-7
Preview |
Text
Infrastrukturni_OBJEKTI_KNIGA_AG_GM_5.pdf Download (39MB) | Preview |
Preview |
Text
Recenzija_na_ucebnikot_INFRASTRUKTURNI_OBJEKTI.pdf Download (325kB) | Preview |
Preview |
Text
Avtori_CIP_za_ucebnikot_Infrastrukturni_objekti.pdf Download (45kB) | Preview |
Abstract
Учебникот „Инфраструктурни објекти“ произлезе од потребата на студентите кои се едуцираат на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје како и на други сродни Универзитети и факултети кај нас, полесно да ја совладаат материјата и да се стекнат со општи и стручни знаења од областа на инфраструктурните објекти (патишта, железници, тунели, аеродроми, хелиодроми, мостови).
Учебникот е напишан на начин да биде разбирлив и прифатлив за студентите - питомците од студиската програма на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, но истотака и за студентите од останатите студиски програми по градежно инженерство на останатите факултети во државава. Воедно, учебникот може да се користи и од страна на колегите кои веќе работат во праксата, со цел да ги освежат и продлабочат знаењата стекнати во текот на нивната професионална наобразба.
Ваквиот пристап на презентација на материјата, се очекува да резултира со поприфатлив и посимплифициран начин за стекнување на неопходните знаења од оваа област на студентите.
Учебникот исто така, содржи и голем број слики и табели кои го збогатуваат истиот и допринесуваат подобро да се илустрира концептот на програмските цели и идејата на авторите.
Авторите користат прилика да се заблагодарат на проф. д-р Дарко Мославац и проф. д-р Зоран Кракутовски за несебичната помош и дадените сугестии при оформувањето на оваа книга.
Воедно, се искажува благодарност до Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и до Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за досегашниот професионален и научен развој на авторите.
Во оваа прилика, сакаме јавно да се заблагорадариме на рецензентите проф. д-р Ѓорѓи Димов и проф. д-р Николинка Донева за позитивните коментари и препораки за користење на книгата од страна на студенти и други читатели.
Се надеваме дека истата, од страна на студените ќе биде добро прифатена. Секако, дека секоја сугестија и предлог за нејзино подобрување е мотив повеќе за авторите да ја усовршат својата истражувачка работа
„Нашето богатство не ја создаде нашата инфраструктура, туку нашата инфраструктура го создаде нашето богатство“
Џон Фицџералд Кенеди
поранешен претседател на САД
Од Авторите
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Civil engineering |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Aleksandar Glavinov |
Date Deposited: | 07 Oct 2020 08:21 |
Last Modified: | 07 Oct 2020 08:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26595 |
Actions (login required)
View Item |