Современата книжевност меѓу западниот антропоцентризам и источната теодицеја

Mladenoski, Ranko and Ivanova, Sofija (2020) Современата книжевност меѓу западниот антропоцентризам и источната теодицеја. Palimpsest International Journal for Linguistic, Literary and Cultural Research, V (9). pp. 295-307. ISSN 2545-3998

[thumbnail of Ranko i Sofija Pal br 9 trud.pdf]
Preview
Text
Ranko i Sofija Pal br 9 trud.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Суштинската тема што ја елаборира Венко Андоновски во неговата најнова книжевно-теориска, книжевно-критичка и културолошка книга со наслов „Достоевски и Мекдоналдс“ (Издавачки центар ТРИ, Скопје, 2019 година) е девалвирањето на естетската, односно книжевно-уметничката вредност на романот и на литературата воопшто во модерната глобализирана и глобализациска западна книжевност. Оксиморонско-ироничната, т.е. саркастична синтагматска конструкција од насловот на книгата („Достоевски и Мекдоналдс“) претставува алузија на дијаметрално спротивните творечки стратегии на западноевропската (западната) современа книжевност (доминантно бестселерска), од една страна, и источноевропската (источната) современа книжевност, од друга страна. Ваквата опозитност на двата „книжевни света“ (едниот антропоцентристички, а другиот теоцентристички) се елаборира директно и конкретно во првото поглавје од книгата („Што е тоа бестселер“), но и студиите од преостанатите четири поглавја од книгава како доминантна тема ја имаат токму таа дивергентност меѓу источната книжевност со високи естетски дострели и фабрикуваниот (шаблонизиран) „фастфуд“ бестселер на западниот книжевен свет.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 06 Oct 2020 09:47
Last Modified: 06 Oct 2020 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26587

Actions (login required)

View Item View Item