CEFE обука за млади претприемачи: Бизнис планирање преку искуствено учење

Jovanov, Tamara (2020) CEFE обука за млади претприемачи: Бизнис планирање преку искуствено учење. In: Oбуки за бизнис вештини во Источна Македонија, September 2020, Shtip-Radovish.

[thumbnail of Odrzana CEFE obuka]
Preview
Text (Odrzana CEFE obuka)
CEFE - ONLINE OBUKA - REPOSITORY.pdf - Presentation

Download (269kB) | Preview
[thumbnail of Sliki od odrzana obuka]
Preview
Text (Sliki od odrzana obuka)
SLIKI - CEFE OBUKA 2020.pdf - Supplemental Material

Download (401kB) | Preview

Abstract

Главната цел на овие обуки е да ве обучи и да ви даде знаења и вештини за бизнис активностите како и подигање на свеста на кандидатите за можностите кои ги нуди започнувањето самостоен бизнис.

За кого е оваа обука? За сите потенцијални и постоечки претприемачи (за да ги надоградат своите бизнис перформанси), вработени во организации кои го помагаат претприемништвото (за да можат да ги разбираат потребите на прпетприемачите и да овозможуваат подобра околина за нив), едукатори, креирачи на политики, родители, вработени, студенти, средношколци, невработени, како и лица со помалку можности!
На обуката по претприемништво, ќе се усовршуваат вештини од генерирање и селекција на идеи, преку организација, маркетинг, истражување на пазарот, финансирање, се до креирање на бизнис план.

Обуките се одржуваат по светски познатата ЦЕФЕ методологија, која што веќе 30 години покажува дека праксата е најдобриот учител за стекнување бизнис компетенции. Оваа метода содржи вежби кои се интерактивни и практични, како и симулации на реални ситуации кои ги ставаат учесниците во чевлите на еден претприемач или тим и даваат дополнителна вредност на целокупното стекнато знаење.

Теми кои ќе се разработат на обуката се:
Лични претприемачки карактеристики
Генерирање и селекција на идеи
Поставување на цели и менаџирање на околина
Организација и производство
Маркетинг и истражување на пазар
Финансиски менаџмент
Бизнис планирање

После оваа обука вие ќе бидете способни да:
Го препознаете својот претприемачки капацитет;
Воспоставите мрежа на бизнис контакти;
Ги разберете клучните структури и принципи на претприемачкото планирање;
Ги разбирете основните принципи на фнкционирање на пазарната економија;
Знаете како да го проценувате вашиот удел на пазарот;
Го препознаете влијанието на окружувањето врз вашата работа;
Сте свесни за слабите и јаките страни на својата бизнис идеја и конкуренцијата;
Ги пресметате основните средства;
Изготвите биланс на состојба;
Постигнете подобри резултати во водењето на компанијата, користејќи инструменти за финансиска анализа и планирање.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Tamara Jovanov
Date Deposited: 07 Oct 2020 08:47
Last Modified: 07 Oct 2020 08:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/26569

Actions (login required)

View Item View Item