Серолошка детекција и молекуларна типизација на еритроцитни клеточни антигени

Mitrevska, Nada (2020) Серолошка детекција и молекуларна типизација на еритроцитни клеточни антигени. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Нада Митревска - лекториран стручен специјалистички труд - 14.09.2020.pdf]
Preview
Text
Нада Митревска - лекториран стручен специјалистички труд - 14.09.2020.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Крвната група претставува биолошка особина што останува непроменета во
текот на животот. Еритроцитните антигени се класифицирани во крвни групи, од
кои најпознати се ABO и Rh, според кои едно лице може да биде крвна група А, B,
AB и О, Rh-позитивно или Rh-негативно. Основен јаглехидратен антиген на
еритроцитната мембрана е трисахаридот кој се состои од галактоза, фруктоза и Nацетил галактозамин. Други антигени што се идентификуваат во
трансфузиолошките лаборатории се антигени од Rh, Kell, Duffy, Kidd, MNS
системот. ABO крвногрупниот систем поседува различни антигени во однос на
крвните групи А, B, AB и О на површината на еритроцитната мембрана (антигени)
и различни антитела во плазмата. Антигенот D е најважен антиген во
Rh-системот. Постојат и одреден број лица со варијанти на антигенот D,
таканаречен слаб D (weak), парцијален D и фенотип DEL.
Класичен метод за тестирање антигени и антитела е хемаглутинацијата, но
некои негови ограничувања можат да се надминат со примена на молекуларни
методи – генотипизација.
Во периодот од јуни до ноември 2019 година, на Институтот за
трансфузиска медицина – Скопје беа обработени 759 примероци од пациенти од
СТМ при Ј.З.У. Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“
Чаир. Кај сите примероци се одредени крвните групи и Rh-факторот. Oд
резултатите од обработените примероци крв, дојдовме до заклучок дека
најзастапена крвна група во нашата држава е крвната група А. Потоа според
застапеноста следува крвната група О, а поретко застапени се крвните групи В и
АВ. Во однос на Rh-факторот, најголем дел од населението во Македонија е Rhпозитивно, а поретко Rh-негативно.
Клучни зборови: еритроцитни антигени, антитела, серолошка детекција,

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 Sep 2020 07:13
Last Modified: 17 Sep 2020 07:13
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24460

Actions (login required)

View Item View Item