Yzeiri Havziu, Drita (2020) Мониторинг на реналната функција кај хронично третирани пациенти со нестероидни антиинфламаторни лекови. PhD thesis, University Goce Delcev .
Preview |
Text
Дрита Узеири Хавзиу - Докторска дисертација.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Главоболката е еден од најчестите симптоми што се среќава кај општата популација, како и во медицинската пракса во целиот свет. И покрај воведувањето на нова класа на мигрена специфични лекови со супериорна ефикасност пред повеќе од една деценија, триптани, NSAIDs остануваат најчесто користените терапии за напад на мигрена. Исто така, неселективните инхибитори на COX (Piroxicam, Ketoprofen, Ibuprofen) се најчесто пропишаните – NSAIDs за третман на главоболки. Celecoxib е друг вид на NSAID, која е одобрена во последните неколку години, со различни механизми на дејствување. Нестероидните антиинфламаторни лекови (NSAID)s се способни да предизвикаат различни нарушувања на бубрежната функција. Посредуваат преку инхибиција на синтезата на простагландин со неспецифично блокирање на циклооксигеназа, што доведува до вазоконстрикција и реверзибилно благо бубрежно оштетување при хипоперфузија. Пролонгираната рана детекција може да доведе до акутно бубрежно оштетување (AKI). Стандардните параметри, како што се серумските нивоа на креатинин и уреа, се неспецифични за следење на прогресијата на AКI и зависаат од степенот на реналното оштетување. Затоа е неопходно да се користат по специфични маркери за рано откривање. Целта на студијата е да се следи бубрежната функција кај хронично третирање пациенти со цефалеа-мигрена.
Опис на методологијата – Користена е Jaffе-овата метода за определување на креатинин во серум/урина и ензимски методи за уреа и мокрачна киселина во серум и ᵧ-glutamyl transferase (ᵧ-GT) во урина / серум. Брзината на гломеруларната филтрација - Glomerular filtration rate (GFR) е пресметана со помош на Cockcroft Gaunt формулата и Јон-селективни електроди -(ISE) за определување на електролитите во серумот. Колориметриски методи се користени за одредување на N-ацетил–β-D--глукозамидаза (NAG) и Аланин аминопептидаза (AAP). Имунотурбодиметриски методи, нефелометрија и фотоелектричнa колориметрија се употребени за одредување на уринарните албумини, микроалбуминуриата, α1-микроглобулинот (α1M) и β2-микроглобулин (β2М) за да се следи гломеруларната и тубуларната функција. Тестиравме 136 пациенти со цефалеа мигрена третирани долги периоди на 10, 5 и 1 годинa со различни NSAIDs засновани на инхибиција на COX и комбинирана терапија со (аналгетици, антидепресивни и триптани). Пациентите се споредени со 80 испитаници од контролната група (различни во однос на регионот), а некои групи на пациенти по еден месец пауза без никаква терапија повторно се мониторирани.
Резултати: Констатирано е дека нема клинички значајни промени во вредностите на креатининот (урина/серум), уреата, електролитите во серумот и GFR. Во однос на специфичните биомаркери на урината (NAG, AAP, ᵧ-GT, микроалбуминурија и α 1 M), утврдени се сигнификантни зголемувања на вредностите кај сите групи пациенти третирани со NSAIDs и комбинирана терапија со Caffetin+NSAID во споредба со контролната група на испитаници, а состојбата се нормализира по пауза од еден месец без никаква терапија. При третман на пациенти со неселективни инхибитори на на COX (Piroxicam, Ketoprofen, Ibuprofen), релативно селективни COX2 инхибитори (Nimesulid/Meloxicam) и со селективни инхибитори на COX2 (Celecoxib) при следење на специфичниот биомаркер (микроалбуминуриа) е забележана значителна разлика за p <0.01 ** кај пациентите третирани со неселективни инхибитори на COX. При следење на β2М најголеми отстапувања се забележуваат кај сите пациенти кои беа под терапија на Piroxicam и Ketoprofen, кај 91.7% пациенти под терапија со Ibuprofen, и кај 50% пациенти под терапија со Celecoxib. Но, во случај на комбинирана терапија (аналгетици, триптани и антидепресиви) докажано е значително зголемување на микроалбуминурија.
Заклучок: Со употреба на NSAID, гломеруларните и тубуларните функции се засегнати во краток период кај сите пациенти, меѓутоа разликите помеѓу третираните групи се многу мали и клинички незначителни. Во споредба со овие резултати, кај пациентите кои биле третирани со неселективни инхибитори на COX и комбинирана терапија, се детектирани значителни гломеруларни и тубуларни оштетувања. Следењето на нивоата на специфичните биомаркери можеме да го користиме како сигнали за рано откривање на нефротоксичност. Иако е процесот реверзибилен, можеме да препорачаме постојан мониторинг на бубрежните функции за време на хронична употреба на различни групи на NSAIDs, особено кај пациенти третирани со неселективни инхибитори на COX и комбинирана терапија каде што е потребно посебно внимание при администрирањето.
Клучни зборови: AKI, нестероидни антиинфламаторни лекови, мигрена, специфични биомаркери.
Item Type: | Thesis (PhD) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Biljana Gorgeska |
Date Deposited: | 17 Sep 2020 06:03 |
Last Modified: | 17 Sep 2020 06:03 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24457 |
Actions (login required)
View Item |